![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Ogan pod Zvezdite Регистриран: Oct 2006 Локација: Skopje, Macedonia. Возраст: 31
Мислења: 4.146
Блог записи: 3 Популарност: ![]() | По преписката со Караманлис, македонскиот премиер Никола Груевски проблемот со Грција во врска со непризнавањето на македонското малцинство и правата на бегалците го издигна на уште повисоко ниво. Груевски му испратил писмо на шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Во писмото Груевски го запознава Баросо со проблемот на македонското малцинство во Грција и со прашањето на Македонците протерани за време на Граѓанската војна. Во писмото до шефот на Европската комисија меѓу другото стои: „Грчките власти на Македонците веќе подолго време им го оспоруваат нивниот идентитет, што претставува директно кршење на меѓународното право. Со децении Грција води силна асимилаторска политика преку забрана за слободно декларирање на нивниот национален идентитет, проследено со систематски мерки за забрана и сурово казнување на македонските активисти“. Генерално, констатира македонскиот Премиер, припадниците на македонското малцинство во Грција се предмет на силна дискриминаторска политика која води кон исчезнување на македонскиот идентитет во Грција. Груевски го потсетува Баросо дека Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата ја анализира состојбата на македонската заедница во таа земја и ги охрабрува властите во Грција да продолжат со напорите за подобрување на ситуацијата на припадниците на малцинските групи, вклучително и на македонската заедница. Натаму во писмото Груевски се задржува на проблемот на бегалците. Ја информира Европската комисија дека тие не можат да ги посетат своите родни места, да добијат грчко државјанство, ниту да ја повратат сопственоста на своите имоти. На крајот од писмото Груевски бара помош од претседателот на Европската комисија. „Владата на Република Македонија апелира во рамките на вашите надлежности лично да се заложите за доследно почитување од страна на Грција на обврските кои произлегуваат од меѓународните инструменти за човековите права, со посебен акцент врз слободно изразување на етничкиот идентитет и сите права што произлегуваат од тоа. Нашите очекувања се Грција како членка на ЕУ и НАТО да почне дијалог што ќе доведе до исполнување на препораките на Европската комисија“.
__________________ I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!! Peace is lie, there is only a passion, Trough passion i gain strength, Trough strength i gain power, Trough power i gain victory, Trough victory my chains are broken. The Force shall set me free |
| | |
| Тагови |
| Баросо, Груевски, испрати, Писмо |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| КОМПЕТЕНЦИИТЕ НА БАРОСО И ЕК | slasa | Колумни | 1 | 07-08-2008 00:27 |
| Груевски ќе испрати писма за македонското малцинство во Грција и до Бан Ки Мун и до Јап де Хоп Шефер | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 22-07-2008 15:50 |
| Писмо на Груевски до Караманлис | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 15-07-2008 02:40 |
| Писмо од Груевски до Караманлис | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 14-07-2008 14:30 |
| Протоѓер му испрати писмо на Тарчуловски со поддршка од ВМРО - ДПМНЕ | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 13-07-2008 14:20 |