Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 29-08-2007, 12:32   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форумџијата
 
Регистриран: Jan 2007
Локација: Германија
Возраст: 64
Знак: Риба
Мислења: 678
Популарност: Sheherezada Новодојденец
Стандардно Главните момци во градот

Nagon na povracanje dobiv citajki go pismovo.
Pak taa selandurija, ni ja devastiraat drzavata, izgleda bukvalno nasekade se iznapikani!
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9F...6587B48C887979
Главните момци во градот
Навистина е тешко да останеш оптимист и ентузијаст во држава во која и на децата што играат џамлии на школскиот одмор им е програмирана менталната свест и се во состојба да ја исполитизираат играта, во која се чини дека само на црнилата, скандалите и препирањата им се придава значење. Но, мене, без разлика на се', не ми згаснува надежта дека системот ќе профункционира, па дури и на микрониво. Деновиве ми стана јасно како со еден шокантен настан (барем за мене како интелектуалец и градски човек), ентузијастичкото чувство дека сме еволуирале барем малку во социјалната култура и основните меѓучовечки односи се сруши како кула од карти. Настанот не е политички, туку социјален и покажува колку е на мизерно ниво нашиот индивидалистички, па и колективен сенс за сограѓанство.
Класична скопска вечер. Со другарка ми одиме во една од поголемите елитни скопски дискотеки во која гостува диџеј од Детроит, многу познат и сакан од скопската публика. На вратата, непосредно пред автоматските апарати за влез и покрај „обезбедувањето“ како и секогаш, е страшен метеж. Кога доаѓаме на ред да влеземе, неколку типови на чело со еден што ги предводи, насилнички почнува да не' бутка и да си прави пат да помине. Така избуткани (стандард ситуација во метеж), другарка ми се врти кон мене и ми кажува едно обично „леле“, дури и не толку гласно. На тоа, главниот тип, кој не ни виде дека тоа му беше нему упатено, без збор се врти и мене ме удира со лакотот во нос, а другарка ми со раката по лицето. За да биде шокот поголем, таканареченото обезбедување, кое сведочи на целата ситуација, не само што не ја исполнува професионалната должност и не реагир туку нема ни основен човечки импулс да изреагира во каква било одбрана, така како што секој маж би требало да направи за да заштити дама. Значи, додека две девојки се насилно нападнати од група хулигани, обезбедувањето не реагира ни вербално! Се' уште во шок, несвесни дека сме во тоалетот на дискотеката, почнувам да крвавам од носот и нормално веднаш заминуваме. На излезот му се обраќам на обезбедувањето изразувајќи ја мојата вчудовиденост од неговата (не)реакција. Тој кусо ми реплицира „не можам ништо, тие се главни“ ...иако на крајот на вечерта ќе ја добие својата дневница.
Свесна дека е бесполезно (иако и тоа е жалосно) да преземам посериозни мерки, го пишувам ова писмо, со надеж дека мојата згрозеност од искуствово, кое може секому да му се случи, барем малку ќе не' поттикне колективно да размислиме дека не можеме да се вадиме на малограѓанството на поединци, туку да согледаме дека мора да се работи на лекување на изгубените морални и социјални вредности.Последицата од тоа што ни се случи можете да ја видите и во самиот факт што сум побарала анонимност - едноставно јас сум исплашена за мојот телесен, па дури и човечки интегритет, а заштитата што треба да ја имам ми кажува „не можам ништо, тие се главни“.
Името познато на редакцијата
Sheherezada моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
 

Тагови
Главните, градот, момци

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Штип градот под Исарот otkacalkaMK Денес над Македонија 160 30-11-2008 18:07
Мачу Пикчу - градот на инките Magical Storm Патување и Туризам 1 12-09-2008 11:55
Las Vegas - градот на коцката Magical Storm Патување и Туризам 5 30-05-2008 17:41
На „Дижонска“ се поставуваат главните фекални колектори BorisVM Дневни Вести 0 18-01-2008 02:00
Погодете го градот.... Mara Патување и Туризам 136 18-05-2006 15:44


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 08:26.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69