Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 09-11-2007, 10:31   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
MKD4ever
 
Аватарот на jotigo
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: macedonia, Macedonia.
Возраст: 31
Знак: Бик
Мислења: 419
Популарност: jotigo Новодојденец
Стандардно Ќе тргни работата - уште едно признание за МКД

Македонија - најдобар европски економски развоен регион за 2008

Скопје, 9 ноември (МИА) - Република Македонија го доби признанието „Најдобар европски економски развоен регион за 2008“ од престижниот Меѓународен институт за транспортен менаџмент.

- По рангирањето како четврта според реформите во светот од страна на Светската банка и пофалбите за економскиот напредок во Извештајот на Европската комисија, ова е уште една потврда дека реформите што ги спроведува Владата се во вистинска насока, рече на вчерашната прес-конференција Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Тој истакна дека за признанието Македонија доброволно ја номинирале шест компании членки на Институтот за транспортен менаџмент што не се случило никогаш досега за ниедна земја. Наградата, како што додаде Мизо, се доделува само кога некој регион навистина ја заслужува и не се доделува по клуч секоја година.

- Со доделувањето на ова признание Институтот директно ги повикува неговите членки да ја земат предвид Македонија при носење на нивните одлуки за инвестирање. Во текот на 2008 година тие ќе вршат интензивна кампања за промоција на Македонија и самоиницијативно и бесплатно ќе ги претставуваат инвестициските можности во автомобилската индустрија во Македонија, нагласи Мизо.

Критериумите за избор за ова признание биле бизнис-климата во земјата, поволностите за мултинационалните компании, даночниот систем и даночните стапки, инфраструктурата, како и модусите за промоција на земјата пред странските инвеститори.

- Добивме највисоки оценки за промотивната кампања која оди во сите најважни весници и списанија во светот. Кампањата според Институтот е успешна пред се во менувањето на перцепциите и имиџот на Македонија што е токму она што недостасуваше во изминатиот период, рече директорот на Агенцијата за страски инвестиции.

Признанието на „Инвест Македонија“ ќе биде врачено на официјалната церемонија на 26 овој месец во Лондон.

Членови на Институтот се повеќе од 17.500 производители и сервисери од транспортната индустрија во светот меѓу кои и најголемите производители на автомобили.

Наградата се доделува веќе 30 години откако е формиран Институтот, а меѓу претходните добитници се Баварија, неколку градови во Велика Британија, како и американските сојузни држави Џорџија и Канзас
jotigo моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
едно, признание, тргни, УШТЕ, работата

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Близнаци, едно црно едно бело дете Davor_B Македонски Забавник и Занимливости 6 24-07-2008 02:01
Новата влада на Груевски ќе има уште едно министерство – за информатичко општество BorisVM Дневни Вести 0 09-07-2008 01:11
Уште едно исчезнување на дилер со девизи во Охрид WondeR Дневни Вести 0 14-04-2008 21:50
Признание за Македонија и нејзината дипломатија BorisVM Дневни Вести 0 04-03-2008 19:00
Едно лице загина, а едно е рането во оружен инцидент близу Гостивар BorisVM Дневни Вести 0 23-01-2008 07:00


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 08:06.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69