Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 14-08-2008, 19:22   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Drzhavnik
 
Аватарот на SuicideMessiah
 
Регистриран: Jul 2008
Мислења: 190
Популарност: SuicideMessiah Можеби и дома не го сакаат
Стандардно Бранко Црвенковски : ќе му ја исполнам желбата на Груевски да се соочиме на избори

Црвенковски: Ќе му ја исполнам желбата на Груевски да се соочиме на избори

Претседателот Бранко Црвенковски денеска излезе со одговор на обвинувањата од страна на Владата на неговите одуки за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и непотпишувањето на шесте закони, истакнувајќи дека се неосновани оти тој единствено го почитувал Уставот од кој произлегува неговото право да помилува обвинети. Црвенковски истакна дека неговиот единствен и примарен мотив, и покрај, како што рече крупните морални дилеми, за овие одлуки било нормализирање на парламентарната демократија во земјава и враќaње на опозицијата во Собранието.
“Секој оној кој не гледа на ова како на проблем кој треба да се реши, не знае што е демократија и не сака да ја види Македонија во ЕУ и НАТО. Зошто премиерот Никола Груевски не покрена никаква иницијатива и не покажа елементарна загриженост за ваквата состојба“, рече претседателот Црвенковски на денешната прес конференција.
Во однос на обввинувањата за преседани од страна на Црвенковски, претседателот на државата јавно му упати прашање на премиерот Груевски, зошто не го споменува “најгоемиот преседан во историјата на македонското судство кога Судскиот кривичен совет во два наврати преиначи одлука на надлежниот истражен судија?“.
“Господине Груевски, еден поранешен министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 1998 изјави “Сега кога конечно ја грабнавме власта, никој никогаш нема да ни ја земе и ќе владееме во следните 100 години“. Топло ви препорачувам да не влегувате и вие во таков филм, бидејќи бидете уверени дека и вашиот ќе заврши исто како и претходниот“, рече Црвенковски.
Во контекст на јавниот повик од Груевски до Црвенковски да се кандидира на претседателските избори за да се соочат, претседателот истакна дека ќе му ја исполни желбата, но не на претседателски, туку на парламентарни избори.
“Ќе се соочиме на парламентарни избори кога и да се одржат. Ви ветувам дека вистинската политичка битка за вас, допрва почнува“, му порача претседателот Црвенковски на премиерот Груевски.
Тој воедно потврди дека по истекување на неговиот претседателски мандат се враќа и активно ќе учествува СДСМ и ќе стори се што е во негова моќ да ја афирмира политиката на партијата, без неговото враќање во редовите на СДСМ да го условува со раководна функција во партијата.
Во однос на можноста за надминување на блокадата во Собранието, Црвенковски рече дека спикерот Вељановски на првата наредна седница да ги стави петте спорни закони (Указот за законот за јазици вчера веќе претседателот го потпишал) и парламентарното мнозинство да ги изгласа повторно.
“Истиот ден јас ќе ги потпишам указите“, рече Црвенковски.
Тој и спикерот на Собранието денеска ќе одржат средба на оваа тема, но претседателот на државата не сакаше однапред да дава коментар.
Во врска со, како што рече, медиумската кампања против него и хистеријата во изминатите две недели од страна на досега непознати т.н. невладини организации, претседателот порача:
“Ако имате намера да ме уплашите, ако имате намера со ваков притисок да ме замолчите се обраќате на погрешна адреса. Баталете ја таа работа, не губете време, не трошете пари и енергија залудно. Оваа политика која ја спроведувам е политика во која верувам и од која јас нема да отстапам“.

Е ова е ЗВЕР претседател...Тоа мајсторе...им се тресат колениците на портокаловите.
SuicideMessiah моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Бранко, Груевски, Караманлис, исполнам, петиција, потпишал, Црвенковски, желбата

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Бранко Црвенковски, анализи за јавната трибина во Штип, коментари за него WondeR Вести и Политика од Македонија 15 15-11-2008 02:43
Претседателот Црвенковски апелираше за фер и демократски избори BorisVM Дневни Вести 0 11-05-2008 01:20
Црвенковски бара фер и демократски избори BorisVM Дневни Вести 0 11-05-2008 01:20
Груевски: Не планирам предвремени избори BorisVM Дневни Вести 0 16-01-2008 21:00
Кој беше подобар премиер: Бранко Црвенковски или Љубчо Георгиевски? Hristo Вести и Политика од Македонија 8 11-01-2008 18:48


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 08:03.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69