![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Blake A. Carrington | Осеќам дека ова ќе биде топ тема во овој мандат на Владава. Денес е уапсен градоначалникот на Струмица Зоран Заев, ианку еден од сериозните кандидати за чувар на престолот на БЦ. Цитат: Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев изутрината е приведен од страна на полицијата. Министерството за внатрешни работи потврди дека во текот на денот ќе биде доставено официјално соопштение со деталите околу овој случај. Заев е висок функционер и потпретседател опозициониот Социјалдемократски сојуз. Раководството на опозициониот СДСМ е изненадено и засега без коментар за приведувањето на потпретседателот на оваа партија и градоначалник на Струмица Зоран Заев. Портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ изјави дека детали во врска со приведувањето на Заев, партијата ќе соопшти во текот на денот. Претходно, лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска одби да даде изјава по телефон во врска со приведување на високиот партиски функционер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Да видиме. Цитат: Пратеничката група на СДСМ на почетокот на денешната закажана 9-та седница ја напушти работата на македонското Собрание. „Сакавте апсолутна власт - ќе ја добиете”, рече денеска претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, соопштувајќи ја одлуката, по што пратеничката група ја напушти седницата. Претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска образложи дека причина за напуштањето е денешното приведување на струмичкиот градоначалник и потпретседател на СДСМ Зоран Заев. „Неколку дена откако стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави незамисливата коалиција со довчерашните најкритикувани политички фактори, а тоа е ДУИ, мораше власта да направи нов експеримент и да го одвлече вниманието на друга страна и затоа денеска повторно на спектакуларен начин е уапсен градоначалникот од СДСМ и нејзин потпретседател Зоран Заев“, рече Шеќеринска. Таа додаде дека на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот одамна им сметал затоа што тој, како што вели таа, дефинитивно е најуспешниот градоначалникот во Република Македонија. „На ВМРО-ДПМНЕ одамна им смета дека во Македонија постојат луѓе кои на локално ниво покажуваат дека централната власт лошо работи и затоа мораа да направат нешто да го спречат таквиот тренд. Ние не сакаме да бидеме соучесници во ова убиство на демократијата“, додаде Шеќеринска. Поради новонастаната ситуација, претседателот на Собранието Трајко Вељановски даде пауза за координација со пратеничките групи. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 13 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| борбата, ОКТОПОДОТ |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| ВМРО - ДПМНЕ: Црвенковски ја попречува борбата против криминалот и корупцијата | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 05-08-2008 19:35 |
| Изедначена е борбата за европскиот трофеј | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 29-06-2008 23:00 |
| Панел дискусија по повод Денот на борбата против тортурата | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 26-06-2008 22:30 |
| Почнува борбата за Стенли купот | BorisVM | Дневни Вести | 1 | 25-05-2008 08:01 |
| ЕУ ги потврди целите во борбата против климатските промени | BorisVM | Дневни Вести од Светот | 0 | 14-03-2008 22:00 |