Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 06-08-2008, 15:43   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
санце мое санцале
 
Аватарот на Makedonski
 
Регистриран: Dec 2006
Локација: на скришно место
Мислења: 2.784
Популарност: Makedonski Новодојденец
Стандардно БИОХАЗАРД!

не се разбирам многу но по логика го поврзав трагичниот случај во ШТИП , акцијата на Нова Македонија и срамежливите предупредувања од Министерството...

дали нешто не ни се кажува, дали инспекциите и царината работат како што треба ... дали со живот ке почнеме да ги плакаме дебелите инспектори и неажурни институции...


Телото на 18-годишната штипјанка Барбара Лазараова, која синоќа почина, е предадено на обдукција. Лазарова, која беше затруена во Црна Гора, почина на Клиниката за нефрологија по неколкудневната борба за живот.
Еден од причинителите за општиот колапс на организмот, според неофицијалните информации,е посебен сојна бактеријата Ешерихија коли, непознат за овие простори, чиј токсин предизвикал опасен хемолитичен синдром.






Акција за испитување храна на „Нова Македонија“, Републичкиот завод за здравствена ... Бактеријата ешерихија коли беше најдена и во мостра од пилешки батак


Акција за испитување храна на „Нова Македонија“, Републичкиот завод за здравствена заштита и на Министерството за здравство (2)
Во пилешко откриени три ризични бактерии Месото што се продава на пазарските тезгиња е небезбедно. Но опасно за здравјето може да се најде и во месарниците. Овие податоци се резултат на истражувањето на „Нова Македонија“, Републичкиот завод за здравствена заштита и на Министерството за здравство. Во акцијата за микробиолошко испитување на храната, која се продава во продавниците и пазарските тезгиња, испитавме и 50 производи-месо и месни преработки, купени на различни места во Скопје. Шест од нив се покажаа неисправни и небезбедни за граѓаните. Од месо, купено во повеќе делови на градот, микробиолошката лабораторија на РЗЗЗ ги изолира бактериите салмонела, ешерихија коли и стафилококус ауреус.

И по три опасни бактерии во парче месо

Еден од неисправните производи во кој беа најдени бактерии беше купен во месарница на познат производител. Во свинска кртина беа изолирани бактериите стафилококус ауреус и ешерихија коли. Сите други пет производи ги купивме во продавничките и тезгињата на Бит-пазар и на пазарот во населбата Шуто Оризари.
Во пилешки грб со коска, купен на пазарот во Шуто Оризари, беа пронајдени сите три бактерии, салмонела, стафилококус ауреус и ешерихија коли. Последната ја имаше и во пилешки батак, но и во риба филети од истиот пазар. РЗЗЗ во рибата најде и зголемен број дозволени бактерии.
Бактеријата ешерихија коли беше најдена и во мостра од пилешки батак, замрзнат, купен во продавничка на Бит-пазар, но и во пилешки карабатак. Во карабатакот имаше и стафилококус ауреус.
Лекарите објаснуваат дека изворите на бактериите се различни, но сите укажуваат на тоа дека со храната се манипулира во лоши хигиенски услови.
Тоа не може да се забележи по месарниците, кои главно изгледаат чисто и пристојно. Меѓутоа, месо и месни производи се продаваат и во продавнички, но и на тезгиња.
Месо се продава и на најлони и муШами

Најлоша е состојбата на Бит-пазар и на пазарот во Шуто Оризари. На овие пазари меленото месо може да ви го издвојат за мерење и со гола рака. На Бит-пазар продавачите велат дека внимаваат да изложуваат замрзнато месо. Можете да забележите како и по неколку пати во текот на денот го враќаат во ладилниците за повторно да се замрзне, откако ќе попушти на високите температури.
Лекарите велат дека токму ваквото постапување е причината поради која и доаѓа до размножување на бактерии. Во Шуто Оризари, пак, замрзнато месо можете да најдете само доколку продавачот отворил нова кутија во која е спакувано. На високите температури тоа се чува поставено на мушами или најлонски ќеси и претставува собиралиште на инсекти. Некои од продавачите се обидуваат да се справат со нив, а други објаснуваат дека и онака ќе се варело.
- Тука купувам батаци за кучето. Ги варам и му ги давам. Поевтино е за 30-40 проценти. Јас вакво месо не јадам – ни објасни Спасе Јовановски, кој пазаруваше на едно од тезгињата на Бит-пазар.
Еден од продавачите на импровизирано тезге ни објасни како да го приготвуваме кога го прашавме дали е сигурно она што го продава.
- Ако се плашите, прво треба да го сварите, а потоа и да го испечете или испржите. Ова не е опасно месо, го купувам од јака фирма, ама бидејќи ви е страв послушајте ме. Така и да има нешто, се ќе се уништи – не посоветува.



Варење, печење и пржење не се заштита

Од Републичкиот завод за здравствена заштита објаснуваат дека кога се работи за бактеријата стафилококус ауреус, човекот не може да се заштити и доколку храната добро термички ја обработи.
- Салмонела и ешерихија коли во месото може да се уништат со добра термичка обработка. Се уништува и патогената бактерија стафилококус ауреус, меѓутоа е опасна поради тоа што лачи токсини во храната. Тие се отпорни на повисоки температури – објаснуваат од РЗЗЗ.
Од оваа установа предупредуваат дека мора да се внимава со термичката обработка на месото.
- Често се случува месото да се јаде недоволно печено, пржено или варено. Доколку во секој дел од него не се постигне температура од 70 Целзиусови степени, бактериите и понатаму опстојуваат – додаваат лекарите.
Доколку се работи за печење, тоа значи дека треба да стои на температура од околу 250 Целзиусови степени, најмалку дваесетина минути.



Бактериите предизвикуваат цревни инфекции

Преку храната, стафилококус ауреус и нејзините токсини може да предизвикаат гастроентеритис или воспаление на желудникот и цревата. Болеста е проследена со гадење, повраќање, висока телесна температура и дијареја, кои може да доведат до дехидрација.
Извор на оваа бактерија е човекот. Таа се наоѓа во носната слуз. Бактеријата во храната укажува на нехигиенско манипулирање со храната. Може да се пренесе и преку кашлање или кивање.
Ешерихија коли, која исто така беше микробиолошки детектирана, е дел од нормалната цревна флора кај луѓето и животните. Типот на бактеријата најден во мострите што ги однесовме на испитување напаѓа организам со намален имунитет. Исто така може да предизвика гастроентеритис т.е. воспаление на желудникот и на цревата. Кај доенчиња може да предизвика крвави течни столици. Предизвикува болест што личи на бацилна дизентерија со стомачни болки, повраќање, треска и премаленост.
Цревна и желудочна болест предизвикува и салмонелата. Нејзин вообичаен извор се животните, кои се одгледуваат поради месо, перја, млеко или јајца.
__________________
САНЦЕ ВО ИЗГРЕВ

Makedonski моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
БИОХАЗАРД

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 08:04.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69