![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Ogan pod Zvezdite Регистриран: Oct 2006 Локација: Skopje, Macedonia. Возраст: 31
Мислења: 4.146
Блог записи: 3 Популарност: ![]() | Белгија се движи кон „кадифен“ развод 13.09.2007 Распадот на Чехословачка пред 15 години беше наречен „кадифен“ развод. Двете членки на федерацијата се разделија мирно, на пријателски начин, во мерка во која тоа е возможно кога е во прашање распад. Во Белгија, Фламанците и Валонците го проучуваат примерот на Чехословачка, обидувајќи се да утврдат дали е применлив на нивната земја. Три месеци после парламентарните избори, Белгија и натаму нема Влада, а на двете страни се погласни се гласовите кои повикуваат на раскин на 117 години старата федерација со 10,5 милиони жители. Сепаратистички повици се слушаат и од богатиот север и од посиромашниот југ на земјата. Нескривајќи дека бара сличности со Чехословачка, „Соар“, водечкиот весник на француски јазик и посвети три страни на разделбата на Чесите и Словаците на 1 јануари 1993 година, нарекувајќи го тој настан „цивилизирана и отмена спогодба“, која позитивно влијаела на идните односи на двата народа. Филип Девинтер, водачот на екстремната партија „Фламанска интересна група“, која ја одбегнуваат другите партии во земјата, во парламентот на Фландрија изјави дека дошло време за „кадифен“ развод. Иако единствено неговата партија отворено бара распад на земјата, останатите политички партии го отфрлија неговиот предлог за референдум, темата повеќе не е табу ни меѓу умерените политичари и се почесто се слушаат споредби со Чехословачка. Водечките личности на политичката сцена, како мандатарот за нова Влада Крис Петерс, или неговиот претходник Ив Летерм, инсистираат единствено на широка автономија на богатиот север, кадешто живеат 6,5 милиони жители чиј мајчин јазик е холандскиот, односно фламанскиот. За разлика од Белгија, распад на Чехословачка бараше помалку развиената Словачка, обвинувајќи ги Чесите за „повеќевековно загрозување на националниот идентитет на Словаците“. Фламанците во Белгија бараат уставни реформи кои ќе им дадат повеќе автономија во здравството, судството и сообраќајот. Ова се неколкуте останати области за кои се уште се решава во Брисел, единствениот двојазичен регион. Ова сценарио е слично со тоа што своевремено го бараше словачкиот лидер Владимир Мечијар. Тој застапуваше идеја за лабава конфедерација во која заеднички би биле само најосновните области, како армијата и валутата. „Сличности несомнено постојат. Белгија е двочлена федерација, често нестабилна, особено во услови кога едната нација е посилна економски“, вели Јиржи Пехе, политички аналитичар и директор на оддел во Њујоршкиот универзитет во Прага. „Разликата е во тоа што демократијата во Чехословачка беше млада и немаше традиција која би застанала на патот на распадот. Распадот беше диктиран одозгора и заврши брзо“, додава Пехе. Меѓутоа Чехословачка никогаш немаше свој Брисел, темелник на дебатата за иднината на земјата. Што би се случило со престолнината на земјата и ЕУ, може само да се нагаѓа, бидејќи ни Фламанците ни Валонците не се расположени да навлегуваат во детали на таа тема. Тешко е да се замисли дека Фламанците би се одрекле од Брисел, град со милион жители во кој мнозинството зборуваат француски. Меѓутоа исто така е тешко да се замисли дека Валонија би можела да преживее без Брисел. KOJ NA DRUG GROB MU KOPA, SAM VO NEGO PAGA !!! ushte demonskata organizacija EU da padne a eve pocnuva JAS ke bidam sreken covek. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 27 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| белгија, движи, кон, развод, „кадифен“ |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Преселба во Белгија | ВајтМен | Македонска Дијаспора | 4 | 04-07-2008 12:27 |
| Развод | eva2marija | Љубов и Секс | 15 | 24-06-2008 08:52 |
| Принцот Чарлс и Камила се пред развод | BorisVM | Дневни Вести од Светот | 13 | 14-05-2008 00:47 |
| Белгија на чекор до распаѓање | wolf_pack | Вести од Светот | 11 | 23-02-2008 05:36 |
| Белгија: Почеток на распаѓање на земјата? | vlade_20 | Вести од Светот | 3 | 24-11-2007 23:09 |