![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Администратор Регистриран: Nov 2005 Локација: .
Мислења: 2.745
Популарност: ![]() | Платите во 1991 година 200 Евра, денеска 257 Евра (со инфлацијата на Еврото, платите се помали денеска), трошоците зголемени, долгот зголемен, демографски Македонија изумира... МАКЕДОНИЈА ГО СЛАВИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА Напред-назад цели 17 години Пред седумнаесет години, освен желбата за независност, граѓаните го дадоа своето речиси едногласно (97,9 отсто) „да“ и за поквалитетна економија, подобар стандард, побрз развој, поудобна живејачка... Се исполнија ли нивните очекувања? Животот од 1991 година досега не се смени многу, особено не на подобро. Се' поскапе, а речиси и да не го чувствуваме покачувањето на платите кои не ни се доволни за да преживееме. И двајцата со сопругот работиме, редовно примаме плати, но тие не ни стигнуваат да платиме кирија за изнајмен стан, да се купи храна и за другите потреби. Кој знае како им е на тие што не работат, а според статистиката такви се повеќе од една третина.Дека оваа изјава на скопјанката Симона Арнаудовска во мини-анкетата на „Дневник“ за животот тогаш и денес, седумнаесет години потоа, е реална и вистинита, покажува нашата анализа на повеќе параметри на живејачката во 1991 година и во 2008 година. Пред седумнаесет години, освен желбата за независност, граѓаните го дадоа своето речиси едногласно (97,9 отсто) „да“ и за поквалитетна економија, подобар стандард, побрз развој, поудобна живејачка... Се исполнија ли нивните очекувања? ПЛАТИ ПОГОЛЕМИ ЗА 50 ЕВРА Академик Блаже Ристовски, кој беше потпретседател на Владата во 1991 година, оценува дека ако гледаме објективно, животот во границите на СФРЈ во осумдесеттите години беше постабилен и попристоен. Имавме стандард на кој можеме да му завидуваме. Но, настапија процеси во кои животниот стандард опаѓаше. Па, сепак, и денес во земјава се живее нормален живот со сите придружни тешкотии - вели тој.Статистика е безмилосна во прикажувањето на бавното подобрување на стандардот на луѓето. Во септември 1991 година просечната плата на вработените изнесуваше околу 9.000 тогашни динари или, пресметано според тогашниот девизен курс, околу 200 евра. Истовремено, за потрошувачката кошничка тогаш беа потребни цели 300 евра. Сега, таа просечна плата на вработените изнесува само 257 евра, а за кошничката веќе не се соопштуваат податоците. „За едно пакло цигари може да се купат седум килограми лубеници, три килограми домати, исто толку пиперки. Цените на градинарските производи паѓаат, никој не откупува, во Неготинско пропаднаа илјадници тони бостан затоа што немаат каде да се пласираат бидејќи се затвори југословенскиот пазар, а годината, по многу сушни, беше родна како никогаш досега“, може да се прочита во „Нова Македонија“, еден од двата дневни весника што излегуваа во таа година.Најголеми разлики се случија во бројот на невработените - пред 17 години ги имаше околу 167.000 лица, а минатата година - 316.000 години. Тоа е резултат на згаснување или приватизирање околу 1.300 претпријатија со општествен капитал, на стечаи, ликвидации, отпуштањата. - Општествениот производ, кој во 1991 година изнесуваше 113,6 милијарди денари, за една и пол деценија порасна речиси три пати и достигна над 320 милијарди денари. Но, поголемата економска активност не беше доволна да ги задоволи потребите и вкусовите на домашниот пазар. Трговскиот дефицит од 245 милиони долари се искачи на рекордни 1,76 милијарда долари, со тенденција годинава да помине две милијарди долари. Македонија тргна во градењето самостојна држава со задолженост во странство од 842,1 милиони долари. Надворешниот долг сега изнесува 2,7 милијарди евра - резимираат економистите.Љубисав Иванов-Ѕинго, политичар и бизнисмен, пратеник на сите досегашни состави на македонското Собрание, оценува дека Македонија од 1991 година доживува економска голгота. - За овој долг незапамтен негативен транзициски период земјава е уназадена над 15 години. Ќе треба огромен труд, напори, идеи, капитал за да тргне напред и висока стапка на пораст, која не смее да биде под 9 отсто. За ваквите состојби вината, главно, е наша, домашна, да речеме 70 отсто. Но, голема одговорност носи и меѓународниот фактор, особено ММФ, Светската банка, ЕУ и САД, кои наметнаа стратегија погубна за земјите во транзиција, која ја прифатија нашите политичари, кои се однесуваа полтронски - вели тој.Политичкиот ветеран Тито Петковски смета дека по 17 години од осамостојувањето, Македонија пак е на својот почеток. Граѓаните денес живеат полошо отколку пред 15 години, а вината за тоа е во политичките партии и политичарите, кои не покажаа капацитет за исполнување на големите очекувања на граѓаните - истакна поранешен претседател на Собранието. ВРТИ-СУЧИ ПАК СМЕ КАЈ ШТО БЕВМЕ Здравство, образование, култура, уметност, спорт... се само сфери во кои изминативе години не се случи значителното подобрување на услугите кон граѓаните.Тогаш од аптека излегувавме со кеса полна со бесплатни лекови, дури и за најбанални инфекции, за кои ни следуваа и витамини, а сега плаќаме партиципација или полна цена ако нема од „бесплатните“ лекови по избор - се сеќава граѓанинот Тоде Марковски.Ако вадењето и лекувањето заби пред осамостојувањето беше бесплатно, од пред десетина години чини 120 денари со син картон, а сега најмалку 500 денари приватно. Но, од друга страна, со појавата на приватното здравство граѓаните добија многу повеќе алтернативи и можности. За илустрација, во времињата пред осамостојувањето, скопјанчиња се раѓаа само во Државна болница и во Чаир, а од пред неколку години има и две приватни болници, чии услуги се достапни за сите што имаат подолг џеб. Со „западизацијата“ си дојдоа и болестите од Западот. Првиот случај на сида го регистриравме во 1987 година, а до денес официјалниот број стана трицифрен. Според статистиката на МВР, во 1990 година 337 граѓани на Македонија барем еднаш користеле дрога, а во 2007 година бројот на регистрираните уживатели на дроги е 8.345 лица. Во Македонија во 1994 година биле регистрирани 33 убиства, а лани 48. Во пораст е и бројот на самоубиствата во државава. Во 1994 година имало 128 случаи на самоубиство, а во минатата година 159 граѓани си го одзеле животот. Во културата овие седумнаесет години одбележавме многу индивидуални успеси, „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, концертите на Симон Трпчевски, „Папокот на светот“ на Венко Андоновски и уште многу други врвни дела на нашите уметници ја красат нашата културна историја, но генерално сликата за културниот живот не е многу променета. Ако само во Скопје во годината на осамостојувањето работеа шест киносали, сега со редовен репертоар има само една. Експанзија доживеаја популарната култура и медиумскиот бизнис. Наместо некогашните два телевизиски програма и три радиоканали на МРТВ, гледачите и слушателите сега имаат можност да следат десетици други, а во домовите преку кабелските телевизии им „влегоа“ и многу странски ТВ-канали. Македонскиот спорт во 1991 година се бореше за влез во меѓународните федерации, а со тоа и за учество на континенталните и на светските првенства. До осамостојувањето имавме 12 олимписки медали и 2 параолимписки, во периодот од 1956 до 1992, а оттогаш имаме 1 бронза - на борачот Могамед Ибрагимов, и уште два параолимписки медала - на стрелецот Бранимир Јовановски, златен, во 1992, и на неговиот колега Ванчо Каранфилов, сребро од Атина 2004. НАТО И ЕУ ЌЕ НЕ СПАСАТ На политичката сцена се случија многу нешта, се променија лидерите во најголемите партии, Никола го замени Љубчо, Радмила и Владо го заменија Бранко, но голем дел од тогашните главни политички играчи се главни актери и денес. Еден од нив е и Стојан Андов, кој беше претседател на Собранието кога беше изгласана независноста, кому му го поставивме прашањето дали нашата транзиција има крај? - Приемот во НАТО и во ЕУ ќе биде крај на нашата транзиција. Од прогласувањето на независноста мораше да мине еден период со многу ризици и на прв поглед несовладливи тешкотии. Бевме ставени во ситуација да не располагаме и да работиме речиси без девизни резерви и инфлацијата беше висока, несигурноста кај луѓето беше изразена. Но, наскоро се' почна со една политика на средување на состојбите - вели Андов.Кога станува збор за НАТО и за ЕУ, се изоди многу пат. Стигнавме пред портите на алијансата, каде што наидовме на грчко вето, станавме кандидати за зачленување во Унијата, но кога ќе бидеме дел од овие организации никој не знае да каже. Тоа и овој 8 Септември ќе го забележиме како наша голема надеж. Пред нас се 365 дена за 18-тиот роденден да го прославиме посреќни, побогати, поинтегрирани и позадоволни. Само 12.000 жители повеќе Само околу 12.000 жители повеќе има Македонија сега во однос на годината во која стана самостојна држава. Тогаш беа регистрирани 2.033.964 жители, а во минатата година 2.045.000 луѓе. Истовремено, статистичарите забележаа и друг тренд: најчестите нови имиња што се појавуваат по 1991 година кај мажи се Убејд, Ејрон, Јулет, Блеон, Анид, Окан, Еријон, Донарт, Дилан, Алби... Кај жените тоа се - Аделиса, Илирида, Блеона, Назар, Бленк, Езана, Ѓелза, Артиола, Јуледа, Бурчин. Утврдено е дека имињата што престанале да се појавуваат по 1991 година се - Ќиро, Димко, Моме, Димчо, Рубинчо, Станојко, Стојча, Воја, Љубо, Војне, Крстана, Ристана, Светланка, Благуња, Спаса, Стевка, Станојка, Божа, Горка, Мирјанка... |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 73 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| години, голгота, настаните, сумирање |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Сто и пет години од Илинденското востание и 64 години од Првото заседание на АСНОМ | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 31-07-2008 17:30 |
| Бошковски немал командна одговорност за настаните во Љуботен | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 11-07-2008 01:50 |
| 30 години од Повардарската епархија и 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 12-05-2008 01:26 |
| ПРЕГЛЕД НА НАСТАПИТЕ НА НАШИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ | a-pin-dim | Фудбал | 0 | 06-05-2008 03:24 |
| Настаните од Белград нема да се повторат | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 24-02-2008 13:30 |