Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Колумни

Важни забелешки

Колумни Преглед на мислења од Македонските весници.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 10-04-2008, 18:56   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Stay Thirsty My Friends!
 
Аватарот на BorisVM
 
Регистриран: Jun 2001
Локација: Los Angeles, CA.
Возраст: 33
Знак: Водолија
Мислења: 10.729
Блог записи: 6
Слики: 6
Популарност: BorisVM Новодојденец
Испратете порака преку ICQ до BorisVM Испратете порака преку AIM до BorisVM Испратете порака преку MSN до BorisVM Испратете порака преку Yahoo до BorisVM
Post Владимир ТУЛЕВСКИ: НАТО е грчко, Солун е наш!

Добрата вест е што нашата бројна делегација од Букурешт се врати жива и здрава.Лошата следи.
Х Х Х
За многумина е несфатливо, но ете се случи: елиминирани сме од приемот во НАТО и покрај тоа што сите искрено се понадевавме на успех, особено после изјавата на американскиот пртетседател Џорџ Буш кога лично и јавно многу самоуверено и децидно не охрабри изјавувајќи дека на Самитот со сигурност покани ќе добијат Хрватска, Албанија и Македонија. Меѓутоа, најголемата земја на фармери и големопоседници на имоти, како што е и самиот Буш, дозволи класично да ја изораат Грците како мала бавчичка и тоа не со трактор, зашто се уште не се на тоа техничко ниво, туку со обичен плуг и впрегнати волови. И САД и НАТО, да не ја споменувам Македонија се поразени со висок резултат, од каприциозната, нецивилизирана, варварски настроена, шовинистичка, националистичка исфрустрирана и ајдучка политика на Атина.

Нека ни е на здравје! Изгубивме од кого, од една мала островска земја (ако не го сметаме приграбениот богат македонски дел од територијата) која ќе нема леб да јаде и гаќи да облече за да го покрие газот, ако не и е социјалната помош од ЕУ, како апанажа со повеќе милијарди евра годишно. Од земја во која освен туризам и трговија со бофал стока и трговци кои се циганчат пред дуќаните влечејќи муштерии за ракав, од производство може да се пофали само со маслинов зејтин, узо и лаванда за ставање во плакарите против молци.

Судбина, ќе рече некој, ама не е така. Секој народ и секоја политика судбината главно сам сами си ја кројат. Затоа, ако имаме како држава и малку доблест и малку гордост и малку ум, прво што ќе треба да направиме е тоа да ги повлечеме нашите војници од мисиите во кланиците во Ирак и Авганистан, зашто нема потреба да гинат за приоритетите на НАТО со кој командува Караманлис. Да се заблагодариме на досегашната нивна љубезност и помош во памет и да ветиме дека ваквата хонорарна соработка повеќе не ни одговара. Тоа, прво. Второ, да престанеме со тоа секојдневно да се оптоваруваме и да ги повторуваме нашите определби дека сме за евроатлански интеграции. Едноставно, еден период да ги заборавиме и да почнеме да размислуваме и за други опции, бидејќи светов е далеку поголем од една ЕУ, на пример. Да не заборавиме дека Македонија од оаза на мирот се повеќе ќе станува стратешки поинтересна и ќе се престорува во оаза во која ќе сакаат да се вселат и други респектабилни светски сили кои може да ни ја гарантираат и безбедноста и да ни ги отворат огромните пазари каде економски би профитирале. Не е ништо толку разочарувачки и катаклизматично и затоа сега треба повеќе памет, мудрост и главата горе!

Настрана од ова што мислам како однесување да го практикуваме преку државничката политика,сега е моментот да се вклучат и граѓаните со целосен бојкот кон се што е грчко во земјава. Значи, прекинување на соработка на граѓаните со банките со грчки капитал, престанување да се пазари во маркетите на Веро, лебот од грчкиот газда на Житолукс да не се стави во уста, полека да се заменува бензинот од ОКТА со увоз на некој и поквалитетен и попријателски настроен добавувач, докрај да се рестриктираат шопинзите во Солун и летувањата на Халкидики, да се ограничи слободното влегување во поглед на визите на Грците во Македонија кои доаѓаат евтино да пазарат и да ги оправаат скапаните заби и уште многу други мали нешта со кои ќе докажеме дека не сме мутави и не дозволуваме на тој што не тепа по глава ние да му го полниме џебот.

И што е најважно: под итно да ги актуелизираме парашањата за признавање на македонското малцинство во Грција и враќањето на имотите на протераните Македонци.

П.С.
На крајот од краиштата како потврда и потсетување на најновите и најстарите историски факти нека се знае: НАТО е грчко, ама Солун е наш!
__________________
Aleksandra
BorisVM моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
владимир тулевски

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks are исклучен
Pingbacks are вклучен
Refbacks are вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Протести во Солун за името barba Вести и Политика од Македонија 18 07-03-2008 08:06
Солун во очекување на антимакедонски протести BorisVM Дневни Вести 0 05-03-2008 19:10
Владимир Ангеловски BorisVM Биографии на актери 0 16-01-2008 18:38
Владимир Милчин - крокодилски солзи Sheherezada Вести и Политика од Македонија 23 14-11-2007 14:24
Спортистите ги напуштија Игрите во Солун Sheherezada Вести и Политика од Македонија 23 24-10-2007 13:29


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 01:22.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68