Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Колумни

Важни забелешки

Колумни Преглед на мислења од Македонските весници.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 16-04-2008, 09:54   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Stay Thirsty My Friends!
 
Аватарот на BorisVM
 
Регистриран: Jun 2001
Локација: London, England.
Возраст: 33
Знак: Водолија
Мислења: 11.119
Блог записи: 6
Слики: 6
Популарност: BorisVM Новодојденец
Испратете порака преку ICQ до BorisVM Испратете порака преку AIM до BorisVM Испратете порака преку MSN до BorisVM Испратете порака преку Yahoo до BorisVM
Стандардно Венко Андоновски: За непријателот и единството


Aко сакаш да се смириш со браќата во семејството, скарај се со соседот (стара поговорка)
Се сеќавам дека во некоја стара книга по биологија (се' си мислам дека беше учебник, и тоа за она основно образование што го посетував јас, а кое според опфатот на темите навистина беше енциклопедиско), имав прочитано, за првпат еден за мене тогаш непознат термин: „природни непријатели“. Мислам дека стануваше збор за лекција во која се расправаше, упростено, за синџирите на исхраната во природата. Како се' уште да ја гледам сликата пред себе: секое помало животно му служеше како храна на некое посилно, а на врвот од таквиот синџир стоеше човекот, како најсупериорно суштество. Демек, него никој не може да го изеде. Во тој и таков биолошки синџир, природни непријатели беа газелите и тигрите; но не и тигрите меѓу себе или газелите меѓу себе. Природни непријатели беа мушичките и рибите, ама не мушичките меѓу себе или рибите меѓу себе. Во сета таа претстава, ми недостигаше, значи – природниот непријател на човекот.

Минаа многу години, и ако нешто научив и за нешто и' благодарам на оваа мачна седум-осумнаесетгодишна наша транзиција – тоа е одговорот на горното прашање. Природен непријател на човекот е човекот. И тоа, човекот од друга нација, или почесто – од друга партија. Што значи: луѓето стануваат природни непријатели само преку општеството, односно – политиката. Друго решение нема. Така дополнета, сликата веќе не е слика на биолошкиот, туку и на идеолошкиот синџир на исхраната. Богатите ги јадат сиромашните луѓе, позицијата ја јаде опозицијата, левите ги јадат десните, зелените ги јадат незелените, глупавите ги јадат умните, криминалците ги јадат чесните и слично, и слично. Така било, така и ќе биде. Биологијата прераснува во идеологија во оној миг кога супериорниот човек од врвот на онаа био-пирамида ќе ја отвори устата. За да изеде човек. Таа вистина, се разбира, учебниците по биологија ја кријат. За неа се расправа обично во етичките трактати, во студиите за демократијата и политокологијата. И меѓу обичните луѓе, во дискурсот/џагорот на секојдневјето.

Посебна особина на човековото суштество, според која тоа се разликува од животните (во тој поглед) е тоа што – тој избира непријатели. Односно, неговите непријатели не се еднаш засекогаш дадени, како што е тоа случај со животните. Лисицата краде кокошки, како што волците крадат овци – и тоа е тоа, отсекогаш и засекогаш. Никогаш лисицата нема да го смени непријателот, односно пленот, па да почне да краде волци или мечки. Со луѓето, особено со хомо политикус, не е така. Човекот си избира непријател, во зависност од ситуацијата и моменталниот интерес што го води. Денес пријател со еден, утре со него смртен („природен“) непријател. Тоа само говори дека политичкиот човек (или ако сакате – политичкото во него) може да креира непријатели. Креацијата, пак, е многу блиску до поимот на фантазијата и фикцијата. Благо речено, човекот може да измислува непријатели. Зошто? За да се одржи на положение. Во општествата, кои не се ништо друго освен сурови идеолошки синџири на исхраната.

Сите кои ја помнат некогашна СФРЈ и „Титовото време“, знаат дека ние постојано живеевме со приказната за „надворешниот непријател“. Во гарнизоните, на политичките говори по плоштадите, на телевизиите, постојано се говореше за надворешниот непријател кој чека да ни опадне единството (и братството), па да не' нападне. Некои го замислуваа тој напад класично, како груб упад преку границите, со тенкови, пешадија и авијација; други пак го замислуваа тоа како „инфилтрација“ на надворешниот непријател меѓу нас и негово постојано „роварење“ и уништување однатре. Како и да е, додека имавме заеднички надворешен непријател, живеевме, горе-долу заедно. Дали тој непријател беше реален или измислен – нека суди секој за себе. Но, нема сомнение дека таа политика, всушност, беше парафраза на една стара поговорка: ако сакаш да се смириш со браќата во семејството, скарај се со соседот.

По срамниот исход на самитот на НАТО во Букурешт, кога сите со наведнати глави ја почувствувавме неправедната шлаканица од јужниот сосед, се сетив на социјалистичката приказна за „надворешниот непријател“, но и на онаа слика од дамнешниот учебник по биологија. И почнав, верувале или не, да мислам оптимистички: дека дури и да сме го креирале тој наш заеднички надворешен непријател (дека дури и да не сме целосно невини во односот со него), сепак, тој наш непријател ќе стане наша најголема предност. Умните знаат од маните да направат предности: тоа го знаат дури и фудбалерите, па знаат дека ако имаат слаб голман, нивната шанса лежи во неумерените шутеви од сите страни на непријателот и во шансите за брзи контри. Така, јас наивно помислив дека заедничкиот непријател ќе не' обедини. Дека ќе се свестиме и дека традиционално лутите „природни“, а всушност општествени непријатели, позицијата и опозицијата ќе се сплотат во едно, дека ќе разговараат со помирувачки тон. Тоа не значи да се откажат од своите аргументи, но постои и начин и тон на кој аргументите се изложуваат. И токму кога помислив дека ќе бидеме единствени и дека ќе дојде до тоа толку спомнувано „национално“ помирување – се распишаа избори.

Со тоа, вниманието од „надворешниот“ повторно се сврти кон „внатрешниот“ непријател. Веќе почнаа повторно етикеции за „природниот“ непријател, повторно акцентирање на неговите мани и слабости, од двете страни. И? Како ќе го преживееме сега тој период на меѓусебно плукање? Ќе се изедат луѓето. А ние, кои не сме во нивниот строј, ќе гледаме колеж.

Приказната за единство преку заеднички надворешен непријател, според тоа – е веќе минато. Можеби и затоа што сите ја насетуваме вистината: нас никој и не не' доживува како непријател. И Грците знаат дека она со нашиот иредентизам го измислиле. За да бидат внатрешно поцврсти. А ние? Не велам дека треба да измислуваме надворешни непријатели по секоја цена, за да бидеме единствени. Но, не смееме ни да се посрамотиме пред нашите заеднички надворешни пријатели. Затоа, без плукање, господа на врвот од идеолошките синџири на исхраната. Ако веќе правите избори, немојте да биде тоа животински пир. На врвот од пирамидата сте, сепак.

(Авторот е професор на Филолошки факултет)
__________________
Aleksandra
BorisVM моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
единството, Венко, Андоновски, непријателот

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Непријатно чувство dbk Дружење и Кафе 34 25-06-2008 00:00
Венко Андоновски: Семиотика на шлаканицата BorisVM Колумни 0 09-04-2008 18:34
Дали е љубовта непријател... No_One Љубов и Секс 25 14-03-2008 01:41
Најголемиот непријател на Македонија Jakov Вести и Политика од Македонија 80 07-01-2008 15:39


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 23:23.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68