Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Колумни

Важни забелешки

Колумни Преглед на мислења од Македонските весници.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 14-04-2008, 22:59   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Stay Thirsty My Friends!
 
Аватарот на BorisVM
 
Регистриран: Jun 2001
Локација: Los Angeles, CA.
Возраст: 33
Знак: Водолија
Мислења: 10.824
Блог записи: 6
Слики: 6
Популарност: BorisVM Новодојденец
Испратете порака преку ICQ до BorisVM Испратете порака преку AIM до BorisVM Испратете порака преку MSN до BorisVM Испратете порака преку Yahoo до BorisVM
Post Манчо Митевски: Груевски, Ахмети и Тачи ја „возат“ Македонија

Тројката „јавачи на избори“, според српскиот терк, им нуди на граѓаните самоизолација наместо Европа

Македонија, покрај тоа што долги години беше политичка лабораторија во која меѓународната заедница правеше експериментални проекти, некои успешни, некои неуспешни, полека станува и земја на апсурдот. Американскиот претседател Џорџ Буш и високи службеници од неговата администрација и' помагаат на Македонија да постигне компромис со Грција за името без да и' биде загрозен националниот идентитет. Македонскиот премиер Никола Груевски, пак, заедно со неговите старо-нови партнери Мендух Тачи и Али Ахмети, и без ниту една друга македонска партија, со иницијативата за самораспуштање на Собранието и закажување предвремени избори, како да ја одработуваат агендата на Грција земјава да не влезе во НАТО и во ЕУ, и како последица на внатрешните конфликти да се разнебити.

Поинаку не можат да се протолкуваат мотивите за налудничавата идеја за предвремени избори веднаш и сега, во моментите кога сите пријатели од странство, домашни партии и експерти не' советуваат побрзо да постигнеме прифатлив компромис со Грција, да бидеме примени во НАТО, да ги исполните условите за ЕУ, а кога под тој сигурносен чадор дефинитивно ќе го елиминираме проблемот со опстанокот на државата, можеме да одиме на избори кога сакаме и за што сакаме.

Во оваа македонска политичка агонија во која неправедно беа вплеткани и растревожени најголемиот број од граѓаните на земјата,Владата за алиби го одбра докажуваното дека е оневозможена да работи со целосен капацитет, поради неефикасноста на парламентот кој, наводно, не можел да ја следи нејзината динамика. Премиерот Никола Груевски со оваа теза, која, во режија на контроверзниот спикер Георгиевски, со редењето илјадници листови хартија на говорницата во парламентот, илустративно требаше да ја докаже „носечкиот“ тандем на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев-Николовски, практично сакаше да ја изврти вистината во погрешна насока. Имено, парламентарната демократија и постоењето власт и опозиција по дефиниција значат спротивставеност, борба на различни ставови, тежа и противтежа.

Настојувањето на Груевски за „одврзани раце“, со цел да ги спроведува своите проекти, значи заговарање на едноумие и тоталитаризам. Тука е и извртената теза, и извртената вистина. На Груевски и на неговата Vлада рацете треба да му ги одврзи парламентарното мнозинство кое ја поддржува Владата, но и самата коалиција која треба да си ги среди внатрекоалициските релации. Во овие дваесетина месеци владеење, Груевски сам си ги врзуваше рацете, односно му ги врзуваа неговите компањони, со лошите приоритети на Владата, со неквалитетните министерски решенија, со слабиот капацитет за донесување квалитетни закони, во латентните конфликтни состојби и недовербата внатре, меѓу владините коалициски партнери и со арогантниот и непријателски однос кон опозицијата. Но, најголем проблем на vладата и посебно на првиот министер Груевски беше немањето храброст, кога станува збор за врвните државни интереси, да жртвува нешто и од својот личен и партиски рејтинг. Така почна, така функционираше и така ќе заврши.

Без разлика на се', Груевски отсега натаму ќе се препознава по неколку црни петна кои ќе го следат засекогаш. Прво, само тој, Али Ахмети и Мендух Тачи, без платформа, ќе ја „возат“ Македонија во неизвесност. Второ, со приоритетот „избори за останување власт, наместо исполнување услови за влез во НАТО и во ЕУ“, Груевски, Тачи и Ахмети, според српскиот терк, im нудат на граѓаните самоизолација наместо Европа. Трето, свесно или несвесно, Груевски, Ахмети и Тачи со определување за избори, наместо за Европа, и ја одработуваат агендата на Грција, Македонија да се изеде самата себе однатре.
__________________
Aleksandra
BorisVM моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks are исклучен
Pingbacks are вклучен
Refbacks are вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Манчо Митевски : Македонија: власт без контрола BorisVM Колумни 0 21-07-2008 08:23
Продолжување на разговорите на Груевски со Ахмети и Тачи BorisVM Дневни Вести 0 30-06-2008 23:10
Груевски им честитал за изборните резултати и на Ахмети и на Тачи BorisVM Дневни Вести 0 17-06-2008 21:00
Средба Груевски - Ахмети BorisVM Дневни Вести 0 12-06-2008 19:50
Груевски објави изборна победа на Коалицијата „За подобра Македонија“ BorisVM Дневни Вести 0 02-06-2008 05:20


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 08:08.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68