Свештеникот и верната жена
Испратен 14-06-2008 во 21:34 од Вајолет
Беше тоа убавината на едно време, кога тој не мораше да се грижи како да го постави цветот во нејзината коса.Беше тоа силата на едно време, кога таа не се гржеше за тоа кој ќе го види цветот.Поминуваше времето, како колата која полека си минува по патот, а тие двајцата на вртелешка, се губат во животот, се обидуваат да ги избегнат брановите кои ги кршат карпите и да се сретнат некаде помеѓу просторот и хоризонтот.
Таа сега веќе беше мајка на две деца, жена на почитуван човек и беше ставена како слика за покажување.Кој ќе ја види да се восхитува и потоа за нејзината убавина да раскажува.Да не гледа дека краевите излителе и дека повеќе нема свежина во неа.
Тој сега свештеник.Се беше заветил под името на Бога, ја скротил страста во крвта.И само кога ги затварал очите грешел, кога и го ставал цветот во косата.
Една вечер, нечујно тапкајќи по земјата, тропна на вратата, но подобро да не тропнеше.Му отвори таа, но ќе беше подобро да не му отвореше.Иако беше ноќ, сините очи и блескаа во темнината.Тоа го сакаше најмногу кај неа.Сега имаше позаоблена фигура, и усните веќе не беа полни како порано, но очите беа исти, со живост, со вода во нив.Тој не се познаваше каков е, но се гледаше мантијата што ја носи, што претставува.
Се мислеше таа дали да го праша да влезе, се мислеше тој дали да ја праша да влезе.Но изгледа не му беше до влегување.
Извади од под мантијата еден цвет и и го стави во косата, и си замина во ноќта...
Таа се насмевна и срцето играше...но децата ја чекаа дома, за да тргне по него по патот.Ја затвори вратата и го остави цветот во косата...да ја потцетува дека ова не бил само уште еден сон.

Вкупно коментари 0
Коментари
Последни блог записи од Вајолет
- Свештеникот и верната жена (14-06-2008)