Something ..
Испратен 18-06-2008 во 18:26 од Magical Storm
Сите се заљубуваме , но во различно време. Оние кои не сакале никогаш неможат да разберат што всушност чувствуваме ние заљубените .Се прашуваме како ,можеме некој да засакаме.....зашто толлу боли кога ќе останеме напуштени од таа личност која за нас ни значи се.Зашто пермногу се приврзуваме за некој во животот...за после да патиме??? И ние да бидеме оние кои ке останат повредени од некоја неворзвратена љубов,Или пак прекината за која нема надеж повеќе.Но што навистина е љубовта? Никој неможе да го објасни тоа чувство. Дали е љубов или нешто сосема друго? Со еден збор тоа е најубавото нешто што може да му се случи на човекот.Колку што е убаво толку е и болно.Но зашто мора некој толку да повредува? Дали лажна беше сета љубов што ми ја даде додека бев со него? Е тука е грешката! Мислиме тој е единствениот, перфектниот оној кој ке не пази.Ќе се приврземе за него(може и ке го засакаме) не мислејќи на негативното и на крајот тап, гадно ќе се зезнеме.Ке те заебе и којзнае со која ке отиде! И тука стој прашањето КАКО??како сме се приврзале толку кон него, како толку ми станал значаен и сега животот ми е свртен кон него. А за долгите врски кои мислиме дека вечно ке ни траат док сме со него ке завршат побрзо од сто сме очекувале и тогаш ако љубовта сеуште остане само на едната страна ,спомените ќе го следат оној кој ќе биде оставен и ќе пати, ќе го боли, и ќе научи дека погрешно било се што направил.Тогаш ќе си речам ГОТОВО(по 100ти пат) нема веќе истата грешка да ја повторам ама ете со следниот пак истото ми се случува! Епа лекцијата ќе мора некогашда ја научиме и ќе си речам-па чекај ,имам ли јасмалце гордост?? Зашто постојано слабост да покажувам? Зашто да бидеме ние секогаш повредените, оние кои ќе патат. Зашто да носиме болка во себе гледајќи го саканиот во туѓа прегратка? Ќе ги гледаме како недостапни оние кои стојат на висока нога. Солзите ќе ги држиме во себе и лажно ќе се смееме за да не пролеат. И зашто да бидеме оние на кои ќе им кажат збогум засекогаш. Па добро не знаеме и ние да вратиме или не ни дозволува љубовта сто ја имаме кон него?? За се што правиме треба памет у глава да имаме зашто животот е суров а после назад НЕМА! Па ќе плачеме ке си трескаме глава...зашто??? за една глупава грешка што неможе да се порави!!!
Извор
Извор
Вкупно коментари 0
Коментари
Последни блог записи од Magical Storm
- Приказна by : Magical Storm (26-08-2008)
- ВМ Приказна (26-08-2008)
- Уште една приказна .... :) (24-08-2008)
- Животот на еден дечко (28-07-2008)
- Не е се како што изгледа !!! (28-07-2008)








