Прегледајте единствено мислење
Старо 10-11-2007, 20:34   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
vlade_20
Пирински Цар
 
Аватарот на vlade_20
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Macedonia, Macedonia.
Возраст: 20
Знак: Девица
Мислења: 4.655
Популарност: vlade_20 Новодојденец
Испратете порака преку MSN до vlade_20
Стандардно Усикова: Работата на Мисирков има преголема вредно

10.11.2007 20:07
Рина Павловна Усикова


Вљубеник во Македонија, најголем афирматор на македонскиот јазик во Русија, академик Рина Павловна Усикова, добитник на наградата „Крсте Мисирков“ за наука на фондацијата „Рамковски“.

„Наградата „Крсте Петков Мисирков“ е голема чест за мене, оти многу го почитувам тој историски деец на Македонија, патриот, еден од основачите на македонската современа култура, современ јазик. Работата на Мисирков имаше голема, преголема вредност“, изјави академик Рина Павловна Усикова, добитник на наградата „Крсте Мисирков“ во областа на науката.

„Мислам дека македонистиката во Русија е доста развиена, можеби повеќе отколку во други држави. На пример, имаме добар центар во Москва, имаме во Петербург, Петербуршкиот универзитет, таму се предава македонски јазик. Во последниве години се развива и закрепнува Македонистички центар во Перм, град на Урал“, рече Павловна Усикова.

„Македонистиката зафаќа одредено место меѓу сите други словенски јазици и нема зошто да ја третираме или, пак, да мислиме дека тоа е нешто посебно. Значи, македонски дијалекти постојат, треба да се изучуваат во рамките на општословенска современа дијалектологија, јазикот постои, се развива многу брзо и треба да го опишуваме како литературен јазик“, вели Рина Павловна Усикова.

„Потоа има и други прашања, да речеме, македонски разговорен јазик, стилови на литературниот јазик и јазикот на уметничката литература, кој исто така е многу интересен. Јас ја засакав Македонија уште кога дојдов тука за првпат, кога Блаже Конески ми беше ментор. Тогаш моите нови пријатели ми ја покажаа Македонија од сите страни. Со коли ме носеа таму-ваму, по манастири, по села, по градови итн.“, изјави Усикова.

„Бев тука заедно со мажот, кој тогаш беше во пензија. И тој ја засака Македонија. Ние Русите секогаш пиеме со здравици. Две здравици задолжително беа како дежурни за сите наши седенки. Секогаш дигам чаша прво за Македонија и второ за македонските пријатели“, додаде Рина Павловна


http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86013
vlade_20 моментално е присутен   Одговорете со цитат