Прегледајте единствено мислење
Старо 09-11-2007, 18:15   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
strich
Форум зависник
 
Аватарот на strich
 
Регистриран: Aug 2006
Локација: Bitola, Македонија.
Мислења: 1.004
Популарност: strich ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до strich Испратете порака преку MSN до strich
Стандардно Дали албанскиот е официјален јазик на државно ниво

Oчигледно на неkoj не му е јасно тоа и се обидува да ја претстави Македонија како целосно двојазична на државно ниво.

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 7

На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.
Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.
Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локалната самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик писмото што го употребува граѓанинот.
Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.
Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.

Дали според вас Член 7 вели дека албанскиот е официјален на цела територија на Македонија? Не сум сигурен како да го протолкувам.

strich моментално не е присутен