Прегледајте единствено мислење
Старо 08-11-2007, 23:01   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
vlade_20
Пирински Цар
 
Аватарот на vlade_20
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Macedonia, Macedonia.
Возраст: 20
Знак: Девица
Мислења: 4.655
Популарност: vlade_20 Новодојденец
Испратете порака преку MSN до vlade_20
Стандардно Белгија: Почеток на распаѓање на земјата?

Околу 43% од франкофонското население во Белгија оцени дека вчерашното усвојување на предлог законот за смалување на нивните права во фламанскиот дел на Брисел претставува почеток на распадот на земјата, покажало едно истражување.

Резултатите од телефонската анкета, која ја објави весникот „Суар“, покажаа дека, сепак, 47% од испитаниците не мислат така, додека 10% од нив не се изјасниле.

Франкофоните, кои живеат во Валонија, на југот на Белгија, и во Брисел, односно 53% од испитаниците, сметаат и дека не можат да продолжат преговорите меѓу валонските и фламанските партии од десниот центар за формирање на Влада.

Меѓу нив, 69% оцениле дека лидерот на фламанските демохристијани Ив Летерм, кој е кандидат за премиер на Белгија, веќе не е личност која може да води кон решавање на кризата.

Фламанските пратеници вчера го изгласаа предлог законот со кој се смалуваат правата на Валонците во фламанскиот дел на Брисел, занемарувајќи го ставот на валонската опозиција.

Тоа е оценето како преседан, затоа што од создавањето на земјата прашањата во врска со односите меѓу двете заедници традиционално се решаваа со консензус.

Во истражувањето, кое го спроведе Институтот за истражување, учествувале 752 луѓе.




http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=85915
vlade_20 моментално е присутен   Одговорете со цитат