Евалуација/Професионална ориентација Дали сметате дека треба да постои задолжителна евалуација на кандидатите за работното место, како и на веќе вработените во една организација? Евалуација во смисла на проценка на карактерот и личноста на вработениот, општ здравствен преглед, анализи, тестови, анкети и други техники кои што ќе му помогнат на работодавецот подобро да ги организира и менаџира своите вработени.
Можеби страшно ви звучи сето ова, ама евидентни се примерите каде што луѓе работат нешто за што се несооодветни, не во смисла на образование, искуство и слично, туку повеќе заради личните карактеристики и перформанси,а сето тоа се одразува на ефикасноста на работата и бизнисот воопшто. Можеби треба некој вид на помош за професионална ориентација да се прави при самото завршување на средното образование?
Што мислите вие? Може ли еден ваков пристап да помогне во развојот и успешноста на даден бизнис? Или пак напротив ќе ги влоши работите?
Што ако Вас ве оценат како некомпетентен/а за тоа работно место од причини: не е тимски играч, не се снаоѓа во стресни ситуации, агресивен е, слабо комуникативен...Или пак обратно: поседува лидерски квалитети, лесно прилагодлив, отворен за критики и идеи, па ве задолжат за нешто што вас и не ви прави баш кеиф. А? А? А?
П.С. Ај пишете што имате да пишете, а подоцна ќе ја прошириме тамата. ОУКЕЈ?:) |