Прегледајте единствено мислење
Старо 15-10-2007, 08:53   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Makedonski
санце мое санцале
 
Аватарот на Makedonski
 
Регистриран: Dec 2006
Локација: на скришно место
Мислења: 2.783
Популарност: Makedonski Новодојденец
Стандардно Бугарите Тепани на градски

На Градски се степаа Македонци и Бугари


На 10-тина минути пред почетокот на средбата, во подтрибинскиот простор на стадионот дојде до масовна тепачка на навивачите на двата клуба


Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу екипите на Вардар и ЦСКА од Софија го одбележа жестока тепачка на навивачите на двата најпопуларни клуба во Македонија и Бугарија. Масовната војна почнала десетина минути пред почетокот на натпреварот во која едноставно не се бирале средства при што имало и повредени од двете страни. Еден од навивачите на "армејците" бил погоден со камен во глава, но не побарал медицинска помош, туку веднаш бил преврзан од лекарот на ЦСКА и продолжил да го следи натпреварот.

Инцидентот се случил во подтрибинскиот простор кога навивачите на ЦСКА, кои претходно во центарот на Скопје биле забележани во алкохолизирана состојба, пристигнувале на стадионот и први почнале со провокации, извикувајќи "Македонија е Бугарска" и други пароли. Револтирани од ваквото однесување на гостинските навивачи, приврзаниците на "црвено-црните" тргнаа физички да се пресметаат со нив. За среќа меѓу повредените немаше со потешки последици. Набргу интеревираше и полицијата која ги раздели двете навивачки групи, кои натпреварот на трибините го следеа разделени од полициски кордон.

Натпреварот продолжи со големи тензии и на теренот, каде имаше многу искри, особено по вториот гол на ЦСКА, за што протестираа домаќините, па играчот на Вардар Поцев доби црвен картон.
На десетина минути пред крајот на натпреварот навивачите на ЦСКА го напуштија Градскиот стадион безбедно и во придружба на полицијата.

-------------------------------------------------------------------
ах шо ти прај старост..работни обврски и презафатеност..никако да се дочепам до некоја ваква јога сесија за македонската душа и тело..ај нарден пат ваљда ке ми се посреки..

за топикот...повторно некој доага на наша земја и повторно не само што не покажува култура туку те плука и негира...и повторно јад котек..дали можеби треба да обесиме некој па да им дојде памет???

Makedonski моментално не е присутен   Одговорете со цитат