Прегледајте единствено мислење
Старо 07-10-2007, 17:39   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
otkacalkaMK
* otki *
 
Аватарот на otkacalkaMK
 
Регистриран: May 2006
Локација: Macedonia
Возраст: 24
Знак: Девица
Мислења: 1.537
Популарност: otkacalkaMK Новодојденец
Испратете порака преку MSN до otkacalkaMK Испратете порака преку Yahoo до otkacalkaMK Испратете порака преку Skype™ до otkacalkaMK
Стандардно Рак / карцином

Рак е болест која се карактеризира со неконтролирана клеточна делба, како и со способност на клетките на ракот да инвадираат други ткива, со директно растење или со миграција на клетките на далечни локализации. Најчести облици на рак се ракот на белите дробови, кај мажите и ракот на дојката, кај жените.

Предизвикување на рак
Ракот е предизвикан од оштетени гени. Гените на клетките можат да бидат оштетени од многу работи што не опкружуваат во секојдневниот живот како на пр., премногу сончева светлина, пушење цигари, или она што јадеме. Понекогаш оштетените гени се пренесуваат од родителите.

Нормалните гени им кажуваат на клетките кога да се размножуваат и кога да изумрат. Тоа постојано се случува во човечкото тело. Но понекогаш, оштетените гени им кажуваат не клетките да се размножуваат премногу или не им овозможуваат да изумрат кога тоа треба да го направат. Овие екстра клетки продолжуваат да растат и можат да направат грутка, таканаречена тумор. Некои тумори се бенигни, што значи дека тие не се рак. Некои тумори се малигни тумори, што значи дека тие се рак.


Како се шири ракот ??

Како се шири ракотВо почетокот, ракот расте само во местото каде што започнал. Тоа се нарекува примарен рак. Примарниот рак може да порасне доволно голем и да предизвика симптоми. Подоцна, некои клетки од рак можат да го напуштат примарниот рак и да отидат во други делови на телото. Тие патуваат и се пренесуваат преку крвотокот или лимфниот систем. Овие клетки можат да направат нов рак во други делови на телото. Тие се нарекуваат секундарни ракови или метастази. Понекогаш, човек и не знае дека има рак се` додека не добие симптоми од секундарниот рак.


otkacalkaMK моментално не е присутен   Одговорете со цитат