Прегледајте единствено мислење
Старо 06-10-2007, 13:43   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
slasa
Администратор
 
Аватарот на slasa
 
Регистриран: May 2002
Локација: Rejkavik
Знак: Овен
Мислења: 20.151
Блог записи: 3
Популарност: slasa Новодојденец
Испратете порака преку MSN до slasa Испратете порака преку Yahoo до slasa
Стандардно Стенче-Stence

Стенче-Stence

Friday, 10. August 2007, 12:46:43

Осум милениуми лежат под Стенче

ЛОКАЛИТЕТОТ ВО ПОДНОЖЈЕТО НА СУВА ГОРА



На источната периферија на селото Стенче, во подножјето на Сува Гора, се наоѓа ридот Градиште, на надморска височина од 730 метри.
На врвот од ридот се наоѓа зарамнето плато, кое е опкружено со јаки кули и бедеми, градени од камен во малтерна техника.
Ископите во археолошкото наоѓалиште Стенче почнаа во 1973 година, а последната фаза заврши летово и, како што велат археолозите, само потврди дека под земјените пластови во Стенче се кријат уште многу наоди и археолошки непознаници.
Магистер Драгиша Здравковски од Музејот на Македонија работи на својата докторска дисертација за настанокот на т.н. "Анзабеголо - вршничка културна група" кај Скопско, која непосредно влијаела врз живеењето на луѓето кај Стенче во неолитот. "Најстариот хоризонт на неолитската населба Тумба Стенче, која се наоѓа западно под селото, на десната страна на реката Вардар, со карактеристичните белосликани керамички форми на садови, датира од 6100-тата година пред нашата ера", истакнува Здравковски.

Едноставно кажано, наодите од најдлабоките досега истражени земјени слоеви од оваа неолитска населба означуваат оти на овој простор постои организиран живот веќе 8.000 години.
"Луѓето што ја формирале неолитската населба знаеле за архитектура и граделе куќи според големината на семејствата. Пронајдени се орудија и оружја од камен, коска и кремен, секири, длета и разни стругалки", вели Драгиша Здравковски. Археолозите извадија на виделина и два целосно зачувани пехари од доцниот неолит, неколку интересни, во делови, зачувани човеколики фигурички и друга керамика.
"Неолитот е еден од најблескавите мигови во културата на почвата на Македонија од најстарите периоди на праисторијата до денес, а Стенче е на високо место во таа цивилизациска хронологија", заклучува Здравковски.

Доцент доктор Владимир Лилчиќ, раководител на Катедрата за историја и археологија на Филозофскиот факултет од Скопје, укажува: "Толку многу подвижни наоди, толку многу културни пластови во земјата од најразлични епохи не се регистрирани на ниту еден друг локалитет во Полог, па ниту во поширокиот дел од северозападна Македонија". Според него, животот кај Стенче со градски белези се развивал од неолитот натаму низ раната антика, преку римскиот период до средниот век, па и во турско време, без прекин до денес. На овој локалитет биле пронаоѓани монети и на венецијанските дуждови и белези на трговија водена, веројатно, во 14 и 15 век.
Вишиот кустос - археолог Стојан Костадинов, кој непосредно раководи со истражувањата на локалитетот, нагласува: "Постојат повеќе наоди, меѓу кои и големиот железен крст од 5 век, како и низа индиции дека во ископаниот ранохристијански објект во тој период се изведувале церемонии на крштавања. Кога се знае дека само епископ имал право да ги изведува, тогаш може да се заклучи дека Стенче во тоа време бил епископски центар во Полог".

Во средината на 14 век утврдениот и се уште неидентификуван град веќе се наоѓал во урнатини. Од пронајдената цистерна за вода и просториите за престој на западниот преден дел на овој град ќе треба да се открие неговото име. Археолозите укажуваат дека ископаните објекти треба да се конзервираат, но и оти во натамошните истражувања треба да се пронајде каде се наоѓаат другите камени елементи на христијанската базилика и на градот.
"Вакви градови навистина има многу во Македонија. Кој помалку кој повеќе истражен. Но, градот кај Стенче е, сепак, цивилизациски бисер на Македонија, кој зрачи не само во археологијата, туку и во културата. Тоа е локалитет со кој Македонија навистина може да се гордее. Многу земји не можат ниту да сонуваат за ваков локалитет со богата милениумска историја. Ако Стенче се вметне во туристичките проспекти, ако на неговата натамошна заштита и поширока промоција организирано поработат Владата и Министерството за култура, јас верувам дека на тој простор ќе може да се развива туризам, а парите досега вложени во истражувањето да започнат да се враќаат", заклучува професор Лилчиќ.




Откриен уникатен жртвеник

Во една куќа од стариот неолик во населбата кај Стенче е пронајден еден цел архетит на жртвеникот на "Големата мајка", познат од скопската "анзабегово - вршничка културна група". Овој жртвеник со геометризирани форми ги нема антрополошките карактеристики и претставува прототип, кој натаму продолжува да се развива во средниот неолик задобивајќи други форми
"Тој жртвеник е репрезентативен и уникатен во корпусот на керамичките форми во македонија", нагласува магистер Драгиша Здравковски, сега е изложен во витрините на Музејот на Македонија.
***
Богати археолошки остатоци и од утврдениот град

Со ископувањата во утврдениот град, се пронајдени голем број предмети изработени од различни материјали како што се керамички садови, монети, накит, оружје, алати и орудија, датирани од периодот од 4. до 6. век. На просторот на градот се пронајдени и остатоци од згура од топени метали што датира дека тука постоела најмалку една ковачница - велат археолозите од Музејот на тетовскиот крај , кои непосредно се вклучени во истражувањата.

slasa моментално не е присутен   Одговорете со цитат