Како да се усогласат овие три елементи во ситуации кога:
- Вашиот партнер има пријател/ка која не го/ја поднесувате?
- Вие имате пријател/ка кои Вашиот партнер не ги поднесува?
Е сега причини...може да бидат најразлични. Можеби зависи и од причините, но ете како факт постои таа недопадливост, нетрпение или што и да е.
Дали ви се случило нешто слично и како сте успеале да се однесувате во вакви случаи?
Се обидувате сепак да се зближите колку толку поради партнерот? Се однесувате пристојно сепак и покрај тоа што не го/ја поднесувате?
Или можеби внимавате да не се сретните или да не се сретнат еден со друг? Ладни сте и одбивни и јасно се дистанцирате од него/неа?