„ Имале порано луѓето многу предрасуди и погрешна претстава за „титулата„ домаќинка: витлери на глава, на нозете машки чорапи, редовно мрсна коса, во широка карирана кошула, зачинета со мирис на лук и запршка, постојано некоја шерпа пред нејзе, пелени кои ги менува, спружува алишта и пегла секој слободен момент.„
Ова е извадок од едно интервју кое ги „опишува„ домаќинките некогаш.
Колку денес се надминати овие предрасуди и дали се воопшто предрасуди?

Дали денешниот современ сопруг/дечко посакува ваква домаќинка дома или нешто повеќе?
Што мислите машките, денес, дали титулата „домаќинка„ има поинакво значење?