На Европската ракометна федерација, конечно, & дојдовме преку глава со проблемите кои ги имаме во организацијата на Европското првенство
и првпат јавно и во писмена форма се закани дека ќе ни го одземе првенството и ќе го додели на друга федерација, без разлика колку е кратко времето!
ЕХФ испрати писмено соопштение до РФМ со кое го информира РФМ дека бара средба со премиерот на Македонија кој се јавуваше како гарант дека с$ ќе биде реализирано и организирано како што треба.
ЕХФ понуди три термини за средба (7, 8 и 13 октомври). Паралелно со ова, ЕХФ ја разгледува опцијата Европското првенство да биде организирано во друга држава.
Проблемот сега е со Македонската телевизија. Се очекува Европското првенство (неофицијални бројки) да го гледаат далеку над 1.000.000.000 гледачи, но МТВ и ЕХФ немаале никаква комуникација со месеци наназад. Настрана тоа и ситуацијата во МРТВ им е (донекаде) позната во Виена и сега тие бараат гаранции дека првенството ќе биде добро и професионално покриено.

Ниту најавената средба со владата на РМ, поточно премиерот досега не е одржана, а ЕХФ посебно по оставката на Трифун Костовски, сака да биде сигурен дека сме кадарни да излеземе на крај со шампионатот. Во РФМ се вклучени сите аларами и веднаш беше испратено писмо до владата на РМ за средба со премиерот Груевски.
"Имавме средба со новиот генерален директор на МРТВ. Изрази жалење за пропустите кои се направени досега и подготвеност да излезе на крај со проблемите. Што се однесува до средбата со премиерот, ние ипспративме барање за состанок, заедно со писмото кое нас ни го испрати ЕХФ. Истото го испративме и во Агенцијата за млади и спорт и чекаме најитен одговор", изјави генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски.
Проблеми со МРТВ имаше и Металург. Македонската ТВ куќа е должна на ЕХФ поголема сума пари и Металург практично беше условен со играње во ЛШ. Но, македонскиот првак се снајде. Место МРТВ, А1 телевизија ќе ги пренесува дуелите од ЛШ.
Сеедно, сега топката е на наша половина. Времето за сликање со ракометарите е минато, сега е време да се покаже дали сме сериозна не само федерација туку и држава. Ова затоа што политичките структури своевремено гарантираа дека с$ ќе биде како што треба. Несфатливо мала е ангажираноста на државните и локалните институции околу ова првенство. С$ е оставено на РФМ како да се работи за некаква локална манифестација, а не Европско сениорско првенство.
Р. Ѓамовски http://www.sport.com.mk/?ItemID=4B98...574960F832AF71
Ако ова се случи ќе пукне брука