Чија глупост е поголема? Ви се јавува некој/а на скајп и ве контактира велејќи дека имате заеднички интереси и така ве нашол/ла. Вие имате врска. По некое време се договарате да се видите. На саканата/иот и/му велите дека одите кај некој пријател на роденден и не му ја кажувате вистината. Саканиот/саканата дознава дека сте се запознале но незнае дека сте излегле. Саканиот/та гледа дека нешто криете и ја контактира третата личност која вели дека дури и сте излегле заедно. Со најдобри намери вели дека би можеле сите тројца да се сретнете. Саканиот/та ви кажува дека знае дека сте излегле и вие велите дека сте сокриле затоа што сте мислеле дека нема да разбере вашиот/та сакан/на, а дека немате никакви аспирации кон третата личност. Саканиот/та ви простува и ви вели дека сите проблеми што сте ги имале потекнуваат токму од подценувањето дека нема да разбере.
Саканиот/та се труди да продолжи да ви верува иако ви кажува дека сте ја изневериле неговата/нејзината безгранична доверба. По некое време дознавате од пријателите дека третата личност прави забава во која “случајно“ сте поканети и вие. Излегува дека третата личност ја измислила забавата (која не се случува) само за да види дали е точно дали вие имате дечко/девојка. Вашата сакана капира што е работата, го краде телефонот од вашиот мобилен и се јавува на третата личност со цел да и каже дека “жал и е што не се запознале на забавата“ (во позадина: дека е прочитана што сакала да постигне). Вие почнувате да се лутите на вашиот сакан/а зошто го земала тел. број од таа личност без прашање, велите дека повеќе ништо нема да му/и кажувате, ја навредувате иако знаете дека веќе се чувствува неверојатно повредено од вашите лаги.
Малку подолг случај но што би направиле вие?
Дали и понатаму ќе го напаѓате својот партнер?
Дали би дозволиле воопшто било што вакво да се случи, вклучувајќи го и некажувањето дека излегувате со некој трет/а?
И што мислите, кој е поглупав во случајов: тој што лаже или тој што се обидува да верува?
Дали има иднина ваква врска во која веќе не се знае што е што и зошто?
__________________ Сите ве сакам |