| #macedonia @ & Moderator
Регистриран: Apr 2006 Локација: Кичево,Македонија Популарност:  | 29-ти Септември 106. п.н.е.- Роден е римскиот војсководец и државник Гнеј Помпеј Велики, освојувач на Ерусалим во 61 година п.н.е. Учествуваше во задушувањето на востанието на римските робови кои од 71 до 69 година п.н.е. ги предводеше Спартак, а гласот на голем војсководец го стекна во 66 година п.н.е. со победата над понтскиот крал Митридат VI Еупатор со што ја зацврсти римската власт во Мала Азија. 1399.- Кралот Ричард II како прв англиски монарх беше принуден да абдицира, бидејќи престолот му го одзеде неговиот братучед, син на чичко му Хенри Болингброк, кој стана крал Хенри IV. 1518.- Роден е италијанскиот сликар Јакопо Робусти Тинторето, еден од најголемите мајстори на 16. век. Работеше на големи композиции со силни чувства и за најмали ситници. Силно влијаееше врз европските сликари, особено на импресионистите. Работеше во родната Венеција во која и останаа главните дела „Рај“ во Дуждевата палата, „Тајната вечер“ во црквата Сан Џорџо Маџоре и други. 1521.- Турскиот султан Сулејман Први го освои Белград по двомесечна опсада, по што беше отворен патот за натамошни освојувачки походи на север. 1703.- Роден е Франсоа Буше, француски сликар, еден од главните претставници на сликарскиот правец рококо. Умре на 30 мај 1770 година. 1758.- Роден е англискиот адмирал Хоратио Нелсон кој внесе радикални новости во војување на море. Учествувајќи во 140 битки беше ранет дури 40 пати. Го загуби окото во борбата кај Калвиј во 1794 година, а денсната рака во битката кај Тенерифе во 1797 година. Кај Трафалгар во 1805 година ја уништи француската флота каде беше и смртно ранет. 1901.- Роден е италијанскиот нуклеарен физичар Енрико Ферми, добитник на Нобеловата награда за физика во 1938 година. Во Чикашкиот универзитет раководеше со изградбата на првиот нуклеарен реактор. 1902.- Во Париз умре Емил Зола, француски писател, творец и најзначаен претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Најпопуларни се неговите романи „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Плодност“, „Слом“ и други. Роден е во Париз, на 2 април 1840 година. 1903.- Родена е американската филмска глумица од ирско потекло Грир Гарсон. Беше добитник на Оскар за филмот „Госпоѓа Минивер“, снимен во 1942 година. Филмови: „Збогум, мистер Џипс“, „Гордост и предрасуди“, „Мадам Кири“, „Јулиј Цезар“. 1904.- Роден е Николај Алексеевич Островски, руски писател. Неговите дела се автобиографски карактер и во нив се зборува за животот и подвизите на младината во текот и по социјалистичката револуција во Русија. Романот "Како се калеше челикот" стана класично дело на руската книжевност, доживувајќи повеќе од 200 изданија. Умре во 1936 година. 1911.- Италија и објави војна на Турција и навлезе во либијската провинција Триполитанија со намера да допре до северна Африка. Нејзиниот експедициски корпус ги победи Турците, но потоа водеше тешка војна против Арапите се до падот на фашистичка Италија во 1943 година во Втората светска војна. 1913.- Од бродот кој пловеше од Антверпен до Лондон исчезна германскиот инженер Рудолф Дизел, кој во 1893 година го конструира првиот мотор со внатрешно согорување на принципот на самопалење. 1914.- Во Скопје умре Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии. Роден е во Неготин, на 9 јануари 1856 година. 1930.- Во Финска умре Илја Јефимович Рјепин, познат руски сликар. Негови најпознати дела се „Бурлаци на Болга“, „Иван Грозни и неговиот син Иван“, „Запорошци“ и портретите на Мусоргски на Пирогов и други дела. Роден е на 5 август 1944 година. 1935.- Во Феридеј, во државата Луизијана, е роден Џери Ли Луис, еден од легендарните рокенролери во педесеттите години на 20. век и мајстор на клавирот. Неговиот прв албум е „Луди раце“ (1957г.). 1938.- Во Минхен почна дводневната конференција на владите на Велика Британија, на Франција, на Италија и на Германија, во чија работа учествуваа и Хитлер и Мусолини. На конференцијата западните сојузници му ги предадоа на Хитлер областите на Судет, со што беше жртвувана независноста на Чехолсовачка. Тоа беше триумф на Хитлер, капитулација на западните сили и предупредување на малите држави дека никој нема кој да ги брани. 1940.- Романија во Втората светска војна излезе од Балканскиот пакт што на 9 февруари 1934 година во Атина го склучија со Југославија, Турција и со Грција. 1941.- Во Москва во Втората светска војна почна конференцијата на СССР, САД и Велика Британија, на која Вашингтон и Лондон со Доверлив протокол се обврзаа во наредните девет месеци да и испраќаат помош во оружје и опрема на Црвената армија, а Москва одби САД и Велика Британија да создадат воздухопловна база на САД во Сибир. 1941.- Во Баба Јара кај Киев, Германците во Втората светска војна го извршија масакрот врз Евреите, во кој за два дена убија 33.771 цивилно лице, вклучувајќи жени и деца. 1941.- Почна Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, што ги нападнаа востаниците, беше воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушија востанието и притоа извршија масакрирање на околу 3.000 луѓе и беа преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија. 1957.- Во Западен Пакистан загинаа безмалку 300 луѓе кога ескпресен воз со голема брзина удри во композиција на цистерни со нафта. 1971.- Потпретседателот на Египет Анвар ел Садат ја презеде должноста шеф на државата два дена по смртта на Гамал Абдел Насер. 1972.- Јапонија и Кина ставија крај на војната и ги нормализираа односите. 1979.- Претседателот на Екваторска Гвинеја Франсиско Масијас Нгуем, е тргнат од власт во август 1979 година. Беше стрелан под обвинение за „геноцид, предавство, проневера и систематско кршење на човековите права“. 1988.- Мировните сили на Обединетите нации ја добија Нобеловата награда за мир. 1990.- На средба на највисоко ниво од Виетнамската војна, се состанаа државниот секретар на САД Џејмс Бејкер и шефот на виетнамската дипломатија Нгујен Ко Так, со што се забрза нормализирањето на односите меѓу бившите непријатели. 1991.- Во селото Усје, Скопско, е осветена црквата "Свети Атанасиј". 1993.- Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.
Денеска е Св. великомаченичка Ефимија.
Света Ефимија беше родум од Халкидон. Родителите и беа христијани, а татко и покрај тоа беше сенатор. Во времето кога Ефимија веќе беше пораснала во прекрасна девојка и по дух и по тело, антипатот Приск одреди обилно жртвопринесување во Халкидон. 49 христијани, меѓу кои и Ефимија, се засолнија од градот, зашто не сакаа да учествуваат во овој бесмислен колеж. Меѓутоа, војниците ги пронајдоа и ги доведоа пред антипатот. А овој цели 19 дена смислуваше и спроведуваше најразлични мачења врз нив. Дваесеттиот ден беше изведена пред него и свети Ефимија. Приск се обиде најпрвин да ја придобие со ласкање, но кога тоа не му успеа, ја предаде на мачење. На примерот на св. Ефимија се исполнија Христовите зборови: на змии ќе газите и ќе останувате неповредени, бидејќи таа чудесно поминуваше низ сите мачења. Најпосле ја фрлија на ѕверовите и тука свети Ефимија го предаде духот на Бога. Чесно пострада за Христа во 304 година.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |