Ракометарите го победија Египет
22.08.2007
Ако против Франција, Македонија одигра како во првото полувреме со Египет, нема сомнежи дека се ќе биде како што треба. Во тој дел од натпреварот постојано го контролиравме резултатот, имавме разновиден напад кој даде 17 гола. Одбраната прими 14, но уште тогаш ја постигнавме посакуваната дистанца.
Паднавме на почетокот на второто полувреме, а за нашиот прв гол чекавме цели 8 минути па Египет поведе првпат во мечот со 18:17, потоа резултатот постојано се грчеше, а Македонија промаши неколку зицери.
Противникот имаше добитна комбинација со тоа што во 54-та минута водеше со 24:26, до 58-та направивме серија од 4:1 за наше водство 28:27 и од тогаш натаму „драма“ во салата Билјанини извори, промашивме пенал, па реализиравме 3 гола за предност од 31:29.
Добивме и подарок од египетскиот селектор на 35 секунди до крајот, кога неразбирливо го извади голманот за екстра играч во поле, така по грешката на Египет лесно беше да се погоди празната мрежа, за 32:29.
Симовиќ постигна 7 гола, по 5 дадоа Марко Вупчевиќ, Дејан Пецаковски, 3 постигнаа Левов, Марковски, Пеце Ѓорѓиевски и Никола Марковски, а одлични беа и голманите, Митревски 7 пати одбрани, додека Трајковски забележа две клучни интервенции.
Сега Македонија со оваа победа е подобро рангирана во групата благодарение на повеќе постигнати голови.
Во другите мечеви од нашата група:
Германија - Кувајт 40:20
Шведска - Франција 30:27
Германија е прва со 8 бода, Шведска е втора со 6, а во меѓусебната пресметка Германија мора да победи за да остане на врвот, Македонија е трета со 4 бода, Египет е со ист број поени, меѓутоа Македонија е подобра во меѓусебниот дуел, Франција е петта со два, а Кувајт е без бодови.
Преостанатите резултати:
Данска - Словенија 29:25
Хрватска - Кореја 40:24
Шпанија - Русија 28:26
Данска има 8 бода, Хрватска е втора со 7, нивниот меѓусебен дуел ќе реши која репрезентација ќе ја освои првата позиција, со тоа ќе се одлучи веројатниот наш противник во полуфиналето