Важен оперативец на Ал Каеда работи како советник во едно од трите дипломатско-конзуларни претставништва на Босна и Херцеговина (БиХ) во Соединетите Американски Држави.
Неговиот идентитет е Сафет Чатовиќ кој има афроазиско потекло и најверојатно сегашниот идентитет му е лажен и преземен од Бошњак кој починал во 1992 година.
Се претпоставува дека Чатовиќ е Абдел Кадир Моктари Абу Мали, оперативец, кој ги поврзува единиците на теренот со властите, финансиските кругови и централата, тврди босански експерт за антитероризам.
Чатовиќ порано бил заменик директор за специјални задачи во мисијата на Обединетите нации во БиХ, а истовремено бил и портпарол на две исламистички организации во БиХ, кои ФБИ ги затвори поради тероризам.