Сунет без пари Иако од Фондот за здравство тврдеа дека немаат пари за да ги покријат трошоците за вакви операции, вчера министерот за здравство Бујар Османи категорично изјави дека средства за тоа ќе се најдат преку посебна програма од Буџетот Државата наскоро ќе почне да плаќа за обрежување на пенисот. Популарно наречениот сунет без пари ќе може да го направат сите оние кои поради верски или други причини сакаат да се подложат на ваков вид хируршка интервенција. Иако од Фондот за здравство тврдеа дека немаат пари за да ги покријат трошоците за вакви операции, вчера министерот за здравство Бујар Османи категорично изјави дека средства за тоа ќе се најдат преку посебна програма од Буџетот.
"Мене ми е должност да го регулирам тоа прашање и да го воведам во системот. Затоа бараме решение како да се најде програма тие деца да не подлегнат на такви хируршки интервенции во домашни услови. Не станува збор за големи средства кои треба да се обезбедат за да може таа процедура да биде дел од нормалниот систем на здравствена заштита", нагласи министерот Османи.
Во таа насока тој рече дека циркумцизијата е процедура која во светот се повеќе се применува поради медицинските и научни докази и дека спречува пренесување на СИДА. Со сунетот, дополни министерот, се намалува карцином на пенисот, но и на грлото на матката.
Од Фондот вчера кусо изјавија дека "тие стојат на ставот дека за ваквите интервенции нема пари од државната каса", но признаваат дека "ако Владата одлучи да плаќа за сунетот, ќе мора да најдат".
Во Владата информираат дека се уште не е поднесена предлог - програма и дека оваа работа е само идеја на министерот за здравство, подвлекувајќи дека прашање на време е кога тоа ќе се најде и на хартија, а и во пракса.
Сунетот во приватни ординации, но и во јавните болници чини околу 6.000 денари.
__________________ Jas sum premnogu gord za da mislam deka nekoj moze da me saka- toa pretpostavuva deka znae koj sum. Isto taka malku veruvam deka nekogash vo zivotot nekogo kje sakam- toa bi pretpostavuvalo deka sum nashol chovek koj bi mi bil raven- Shto bi bilo chuda nad chudata. Aleksandra |