Прегледајте единствено мислење
Старо 07-09-2008, 12:35   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Davor_B
#macedonia @ & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.846
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 7-ми Септември

1764 - Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. Тој беше последниот крал во полската историја, а судбината му ја додели и улогата на „гробар“ на полската независност бидејќи кон крајот на 18 век се вмешаа моќните царства Русија, Прусија и Австрија кои ја поделија Полска. Како независна држава Полска е обновена дури во 1918 година.


1822 - Република Бразил доби независност. Беше португалска колонија од 1530 колонија.- Национален празник на Бразил.


1901 - Со мирот во Пекинг заврши таканареченото „Боксерско востание“ во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи (1899-1900). Востанието го предводеа членовите на тајното здружение „И хе таун“, а беше задушено за заедничка акција на трупите на европските сили, на Јапонија и на САД.


1940 - Авионите на нацистичка Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше познато под името „Лондонски блиц“.


1992 - Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.


1993 - Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија.


1997 - Во Скопје е отворен првиот „Мекдоналдс“ ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 „Мекдоналдс“ ресторани).
__________________
The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell !
Davor_B моментално не е присутен   Одговорете со цитат