1-ви Септември 1939 - Нацистичка Германија без објавување на војна ја нападна Полска. Неочекуваната операција на моторизираните германски сили во Полска го означи почетокот на Втората светска војна. 1943 - Во Корештата, костурско, е формиран македонски партизански одред „Лазо Трповски“. 1944 - Втората македонска НОУ бригада ја нападна железничката станица Богомила, велешко, ја разурна станицата и зароби 40 бугарски војници, меѓу кои и двајца офицери. 1960 - Во Радио Скопје е формирана првата Редакција на Телевизија Скопје и е снимена првата телевизиска вест што се емитуваше преку мрежата на ЈРТ. Редакцијата ја сочинуваа Димче Божиновски - уредник, Драги Аргировски и Димче Марковски - новинари и Благоја Прличков и Димче Гечевски - сниматели-камермани. Од тој ден Редакцијата секојдневно подготвуваше телевизиски извештаи од сите значајни настани во Македонија и телевизиски прилози од стопанскиот, образовно-културниот и спортскиот живот. 1961 - Во Белград почна Првата конференција на шефовите на државите и на владите на неврзаните земји, на која присуствуваа претставници на 25 земји и 40 антиколонијални и ослободителни движења. Тоа беше историски настан со кој неврзувањето прерасна во организирана борба за мир и за правдина. 1992 - Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва. 1992 - Во Скопје е формирано Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи. 1993 - Во Женева е отворена Постојаната мисија на Република Македонија при ООН и другите меѓународни организации со седиште во Женева. 1994 - Големото Војводство Луксембург ја извести Република Македонија дека воспоставува дипломатски односи со нашата држава.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |