Влезниците во продажба од следната сабота
25.8.2008
Влезниците за квалификациските дуели со Шкотска и Холандија љубителите на фудбалот во Македонија ќе можат да ги купуваат од 30-ти Август (сабота. 08.00 часот) на билетарите на Градски стадион и тоа по цена:
Шкотска – јужна трибина 1000 денари.
Шкотска – западна трибина 500 денари.
Холандија – јужна трибина 1000 денари.
Холандија – западна трибина 500 денари.
Во пресрет на овие средби ФФМ и МВР до јавноста го испраќаат следното соопштение:
Сите заинтересирани навивачи кои сакаат да ги следат средбите со Шкотска и Холандија ќе можат да купат по најмногу две влезници по натпревар и тоа со идентификација со лични документи.
За гостинските навивачи влезниците ќе бидат распределени преку Фудбалските федерации на Шкотска и Холандија и тие ќе бидат сместени на источната трибина.
Секој гостински навивач кој ќе биде затекнат на Јужната или Западната трибина ќе биде отстранет од стадионот заради негова безбедност. Влезницата ќе биде одземена и по спроведената контрола(според идентификацијата) против препродавачот на истата ќе бидат превземени соодветни санкции.
Се предупредуваат сите посетители на натпреварите при влезот со себе да не носат било какви предмети( запалки,пенкала , дрвени и железни држачи за знамиња,ситни железни пари или било кој друг предмет кој претставува опасност), навивачки реквизити (пиротехника), пијалоци кои можат да се злоупотребат за фрлање кон противничките навивачи, или пак кон актерите на теренот . Кај сите оние кај кои ќе бидат откриени било какви пиротехнички материи , истите ќе бидат одземени а на лицата кои ги внесуваат на стадион ќе им бидат одземени влезниците и истите нема да можат да ги проследат натпреварите. Воедно ќе следуваат и соодветни санкции.
Се молат посетителите да се воздржат од расистички скандирања или неспортско навивање кое може да повлече драстични казни од страна на органите на ФИФА и УЕФА.
Актерите на теренот треба да се бодрат спортски и во духот на фер-плејот. Во таков дух треба да се однесуваме и кон гостинските навивачи.
http://ffm.com.mk/mak/vest.asp?id=2012