Научниците по долготрајно проучување на 3500 извештаи за соништата дошле до заклучок дека и двата пола подеднакво често сонуваат еротски соништа. Според резултатите, во 4% од соништата и двата пола доживеале оргазам.
Најчесто сонуваме однос, потоа бакнување, фантазии па дури потоа мастурбација. Мажите сонуваат секс со повеќе лица, а жените поранешните партнери и славни личности од шоу бизнисот.
Исто така стереотипното мислење дека мажите за време на сексот размислуваат само за своите потреби во соништата се покажало вистинито - бидејќи не го сонуваат оргазмот на партнерката.
СТРАСТ СО НЕПОЗНАТА ЛИЧНОСТ
Сонувате дека страсно водите љубов со личноста на која не можете да и го видите лицето и чиј идентитет не го знаете, но чувствувате дека таа го познава вашето тело. Едно од значењата би можело да биде дека сакате секс без обврски и чувства, односно дека ви недостига страст. Ваквите сништа се чести кај партнерите во долгите љубовни врски.
НЕ МОЖЕТЕ ДА ПРОНАЈДЕТЕ МЕСТО ЗА СЕКС
Во потрага сте по место каде би можеле да водите љубов со партнерот, но постојано се појавуваат различни проблеми кои ве спречуваат.
Сонот упатува на недостаток на интимност со партнерот или неможност за остварување на стабилна љубовна врска. Пречката може да биде партнерот кој не сте го преболеле во потполност.
НИКАКО НЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ ВОЗБУДИТЕ
Се наоѓате во возбудлива ситуација со партнерот кој ве привлекува, но не можете да се возбудите. Овој сон е почест кај мажите. Ако се чувствувате немоќни да ги поправите или решите проблемите во стварниот живот, ваквите сништа ќе бидат чести. Животните проблеми не мора да имаат врска со сексот или љубовта.
ВОДЕЊЕ ЉУБОВ СО ШЕФОТ ИЛИ КОЛЕГА
Сексот со деловниот партнер, шеф или колега кон кој во стварноста не чувствувате ништо ви причинува исклучително задоволство. Еротските соништа во кој се појавуваат колеги не значи дека потајно ги посакувате. Најчесто објаснувањето е во тоа дека уживате во работата со нив или им се восхитувате на деловните вештини....
СЕКС ВО ЈАВНОСТ
Додека водите љубов одеднаш сфаќате дека се наоѓате во соба полна со луѓе или на јавно место. Ако притоа се чувствувате непријатно, веројатно се сомневате дека некој кој ви значи не ги одобрува вашите постапки или раскажува лоши работи за вас.
Извор:
Вечер
На темава може да се дискутира за тоа дали вам ви се случило ова или нешто слично на ова. Секој од нас фантазира и сонува само кој од нас може да го изложи ова пред другите.
Мене ми се случува периодично да сонувам дека сум со некоја личност на кој а неможам никако да и ГО видам лицето а при тоа сум страшно задоволна од неговите вештини


... (кој си бе дај јави ми се еднаш



)