Нормално е секоја врска да поминува низ кризен период и да претрпи што би рекла јас ЗЕМЈОТРЕС од кој многумина неможат да се опорават (останат заедно). Често се случува овој период да дојде на почетокот од врската но има и многу случаеви во кои партнерите се заедно со години и ете сега веќе не им оди па ЦУНАМИ ќе реши се
Ја отварам темава да дискутираме за кризниот период, причината зошто се случува, може да се разменат мислења од лично искуство или пак да се дадат совети од стилот што да се прави доколку се НАМИРИСА таквиот период.
Јас лично имав еден кризен период, многу нервозен, сега ми е смешно, се расправав со дечко ми за секакви глупости и секакви ситници. Ситуацијата беше, се сакаме и двајцата а неможеме да се контролираме и не знаеме зошто ни се случува ова. Две пеколни недели! Катастрофа! Попуштаат нерви, лоши мисли, неможеш да издржиш... За среќа видовме дека уствари нема потреба од тоа и увидовме дека далечината ни го донесе тој период во врската.
Имам другарки а ми се има случено и мене едноставно од нигде некаде да почнеш без причина да се караш и знаеш дека нема врска целата ситуација или моментот а сепак неможеш да објасниш и неможеш да го спречиш.
ту би континјуд...