Хјустон, 14 август (МИА) - Престедателот на Демократската партија од Арканзас Бил Гвејтни им подлегна на повредите кои вчера во седиштето на партијата во Литл Рок, му ги нанесе непознат напаѓач.
По полициската акција непознатиот напаѓач бил ликвидиран во размена на оган, а мотивот за убиството остана непознат.
Гвејтни (48) порано беше сенатор од Арканзас, а неговото убиство ја шокираше јужната американска држава и членовите на Демократската партија.
По повод смртта на Гвејтни поранешниот американски пртседател и сенатор од Арканзас Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари соопштија дека се „длабоко ожалостени заради смртта на Гвејтни кој бил голем поборник на престедателската номинација на Хилари Клинтон“.