Седам така занесена во длабочината на една книга. Интересна тематика, која и не е многу битна за топиков.
Она што ме пренесе во реалноста беше фактот што забележав дека толку многу се занесов во книгата, шо почнав да правам жестока дебата самата со себе, разно разни гестикулации и гримаси кои ме пренесоа за момент назад во реалноста – сватив дека немам соговорник!
Прво, се изначудив самата на себе, второ си помислив фала Богу шо немаше никој да ме видиТ

, и трето неминовно ми се наметна мислата Се мрднав или не? Да не е време да си побарам психијатар?!?!
Дали ви се случило да се „фатите„ себе си во ситуација да
разговарате сами со себе?
Се фалите, се жалите, се консултирате, раскажувате, прераскажувате, дискутирате...се пцуете можеби понекогаш?