Сеќавање - Илинден, 105 години подоцна
Ај нека е честит празникот и за многу години. Да се потсетиме на трите големи настани што се случија на 2-ри Август.
Прво, во 338-та пред Христа, македонската војска предводена од Филип Втори и неговиот син Александар, кај Херонеја ја направија пуздер здружената грчка војска.


Во 1903-та организација создадена да ја ослободи Македонија од петвековното турско ропство – ТМОРО, заедно со поробениот народ, го дигна Илинденското востание. Не траеше долго, ама остана во колективната меморија на Македонецот.


Основачите на Организацијата ( од лево на десно ): Даме Груев, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев и Андон Димитров.


