Зошто веруваме во господ? Дали верата во Господ е вродена или научена, еволуциско постигнување или продукт на некои човечки карактеристики, се прашања на кои новото истражување ќе ви даде одговор.
Научниците од Универзитетот Оксфорд потрошиле околу 1,9 милиони фунти за проект чија цел била да откријат зошто луѓето веруваат во Господ или дали верата во нешто возвишено е вродена или само научена, како еден од многубројните видови на социјализација.
Научниците од Оксфорд објасниле дека не планираат да докажуваат дали постои Господ или не, односно дека ќе се фокусираат на доказите дали верата станала своевидно еволуциско достигнување за човековиот род, неопходно за негово преживување.
Исто така се барало објаснување за тоа дали верата е еден вид на нуспродукт на некои други психолошки човечки карактеристики, како потребата за социјализација.
Истражувачкиот проект се темелел на методологијата на природни науки, еволуциска биологија, лингвистика и компјутерска наука, а психологот Џастин Барет ги објаснил неговите задачи. "Не интересира да откриеме во која мера и на кој начин вербата во Господ е природна. Сметаме дека е повеќе отколку што се мислело", изјавил Барет, инаку Христијанин според верска определба.
Барет верниците ги споредувал со три годишни деца чии што мозок е многу почист отколку на возрасен човек.
Тенденцијата на децата да веруваат во "знаењето на другите", која Барет ја оценува како многу битна за социјализацијата и продуктивната соработка помеѓу луѓето, со тек на време се намалува, но според зборовите на психолозите, повторно се појавува кај возрасните луѓе и тоа преку верата во Господ.
Извор Точка.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |