Државјанка на Гана на 11 јули во Берлин роди близнаци Лео и Рајан, од кои едниот е со црна, а другиот со бела боја на кожата.
Мајката на близнаците е црнка од Гана, а таткото е Германец.
„Во нашата болница ова е прв ваков случај“, изјави докторот на клиниката каде што се родиле близнаците.
Руди Балилнг, претседател на Меѓународниот конгрес за генетика којшто тие денови се одржувал во германската престолнина, рече дека многу ретко се случува близнаци да имаат различна боја на кожата.