Прегледајте единствено мислење
Старо 17-07-2008, 14:52   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
slasa
Администратор
 
Аватарот на slasa
 
Регистриран: May 2002
Локација: Rejkavik
Знак: Овен
Мислења: 20.150
Блог записи: 3
Популарност: slasa Новодојденец
Испратете порака преку MSN до slasa Испратете порака преку Yahoo до slasa
Стандардно ПРВ ХОМОСЕКСУАЛЕН ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРВ ХОМОСЕКСУАЛЕН ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈА
Снаа и свекрва во лезбиска врска
Получасовниот филм го режираше Софија Теодор, по сценарио на Ева Камчевска, а главните актерки се Калина Наумова и Викторија Анѓушева

"Јас знам дека таа ме сака" е насловот на првиот хомосексуален филм на режисерката Софија Теодор, чија реализација заврши неодамна. Приказната е за необичен љубовен однос помеѓу свекрва и снаа кои живеат под ист покрив и се вљубуваат една во друга, затоа што и двете се запоставени од нивните мажи. Свекорот, кого го интересира само фудбал и обложувалници, и синот, кого го интересираат кафеани и алкохол, се причината поради која снаата Сандра (ја игра актерката Калина Наумовска) и свекрвата Лидија ( Виолета Анѓушева) започнуваат лезбиска врска. Во филмот играат и актерите Диме Илиев (свекорот Тео), Бошко Бозаџиски (синот Предраг), Гоце Влахов (во улога на доктор) и двајца статисти. Филмот е сниман на неколку локации низ Скопје. Сценариото е на Ева Кмачевска, продуцент е Симона Тошкиќ, а зад филмот стои продукциска куќа "Ваноти стар".
"Сценаристката Ева малку се збуни на мојата идеја за филмот, но ја прифати. Од идејата до целосната реализација поминаа 10 месеци. Мислам дека ова е прв филм за ваков интимен однос помеѓу свекрва и снаа, не само кај нас туку и во светски рамки. Горда сум поради тоа", вели режисерката на филмот Софија Теодор. Таа истакнува дека, и покрај лезбиската содржина, се трудела да раскаже типично скопска приказна, која ќе ги отслика секојдневјето и импулсот на градот. За снимањето на лезбиските сцени режисерката вели:
"Беше интересно. Додека се подготвувавме се беше о.к., но кога се вклучи камерата, почнаа проблемите. На актерките им требаше време да се адаптираат една на друга. Малку се препиравме како ќе биде, па по неколку проби веќе почнав да се нервирам, и на момент и се обратив на Калина со зборовите 'Сакаш да ти покажам како треба?'. Калина ме погледна и се насмеа, но тоа како да ја испровоцира и следното снимање беше топ. Беа супер, вистински професионалци".
Филмот, кој трае речиси половина час, веќе се прикажувал во Варна (Бугарија), а наскоро треба да биде прикажан и на фестивалот "Браќа Манаки". Во најава се уште неколку фестивали на Балканот, ка

http://www.vest.com.mk/default.asp?i...ubrika=Kultura

__________________
slasa моментално не е присутен   Одговорете со цитат