Прегледајте единствено мислење
Старо 17-07-2008, 12:58   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Jakov
Dady Bear
 
Аватарот на Jakov
 
Регистриран: Mar 2005
Локација: Република Македонија - Republic of Macedonia
Возраст: 34
Знак: Бик
Мислења: 20.802
Блог записи: 2
Слики: 1
Популарност: Jakov Новодојденец
Стандардно Борбата со ОКТОПОДОТ

Осеќам дека ова ќе биде топ тема во овој мандат на Владава.
Денес е уапсен градоначалникот на Струмица Зоран Заев, ианку еден од сериозните кандидати за чувар на престолот на БЦ.
Цитат:
Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев изутрината е приведен од страна на полицијата.
Министерството за внатрешни работи потврди дека во текот на денот ќе биде доставено официјално соопштение со деталите околу овој случај.
Заев е висок функционер и потпретседател опозициониот Социјалдемократски сојуз.
Раководството на опозициониот СДСМ е изненадено и засега без коментар за приведувањето на потпретседателот на оваа партија и градоначалник на Струмица Зоран Заев.
Портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ изјави дека детали во врска со приведувањето на Заев, партијата ќе соопшти во текот на денот.
Претходно, лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска одби да даде изјава по телефон во врска со приведување на високиот партиски функционер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Веднаш по ова СДСМ го напушти Собранието во надеж дека на тој начин ќе му врати на ВМРО за апсењето. Они се надеваат дека со отсуство на ДПА и СДСМ, ЕУ пак ќе го обвини ВМРО дека не соработува и дека не постои политички дијалог во РМ како што се случи 2006-7 кога ДУИ беше надвор од Собранието.
Да видиме.
Цитат:
Пратеничката група на СДСМ на почетокот на денешната закажана 9-та седница ја напушти работата на македонското Собрание.
„Сакавте апсолутна власт - ќе ја добиете”, рече денеска претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, соопштувајќи ја одлуката, по што пратеничката група ја напушти седницата.
Претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска образложи дека причина за напуштањето е денешното приведување на струмичкиот градоначалник и потпретседател на СДСМ Зоран Заев.
„Неколку дена откако стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави незамисливата коалиција со довчерашните најкритикувани политички фактори, а тоа е ДУИ, мораше власта да направи нов експеримент и да го одвлече вниманието на друга страна и затоа денеска повторно на спектакуларен начин е уапсен градоначалникот од СДСМ и нејзин потпретседател Зоран Заев“, рече Шеќеринска.
Таа додаде дека на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот одамна им сметал затоа што тој, како што вели таа, дефинитивно е најуспешниот градоначалникот во Република Македонија.
„На ВМРО-ДПМНЕ одамна им смета дека во Македонија постојат луѓе кои на локално ниво покажуваат дека централната власт лошо работи и затоа мораа да направат нешто да го спречат таквиот тренд. Ние не сакаме да бидеме соучесници во ова убиство на демократијата“, додаде Шеќеринска.
Поради новонастаната ситуација, претседателот на Собранието Трајко Вељановски даде пауза за координација со пратеничките групи.
__________________
Низ двор шета бабичка, зад грб стапче крие, шарениот мачор сака да го бие.
Пис, мачору бессрамен, каков е тој ред, имав осум рипчиња, а сега се пет.

Онака нешто ш`о ќе ми дојде на памет.
Jakov моментално не е присутен   Одговорете со цитат