Прегледајте единствено мислење
Старо 19-07-2007, 13:53   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
otkacalkaMK
* otki *
 
Аватарот на otkacalkaMK
 
Регистриран: May 2006
Локација: Macedonia
Возраст: 24
Знак: Девица
Мислења: 1.537
Популарност: otkacalkaMK Новодојденец
Испратете порака преку MSN до otkacalkaMK Испратете порака преку Yahoo до otkacalkaMK Испратете порака преку Skype™ до otkacalkaMK
Стандардно Трајната шминка може да предизвика алергија

Трајната шминка значи продирање на пигменти во длабоките слоеви на кожата и може да предизвика алергија, се истакнува во истражувањето спроведено на Институтот „Роберт Кох“ од Берлин.

Со истражувањето биле опфатени 99 жени, од кои 89 по 2003 година користеле трајна шминка, при што речиси секоја деветта се пожалила на алергиска реакција.

Во периодот од 1998 до 2003 година забележани се само пет случаи на реакција на трајната шминка, а до 2003 досега регистрирани се 150 лица со здравствени проблеми најчесто отоци, чешање и црвенило.

- Пигментот воглавно предизвкува реакција на организмот во вид на запаление, а трајната шминка всушност е тетоважа која се користи наместо козметички препарати и може да предизвика сериозни проблеми кај лицата што се склони на алергија, тврди доктор Елен Мармур дерматолог во Маунт Синаи центар во Њујорк.

Таа нагласува дека посебно внимание треба да се обрне на дезинфекција на иглите, бидејќи во спротивно може да дојде до зараза со хепатитис, а исто така трајната шминка треба да се испроба на покриен дел од телото за да се утврди евентуалната алергиска реакција.
otkacalkaMK моментално не е присутен   Одговорете со цитат