Женски човекови права Основните човекови права со векови се систематски скратувани за жените без разлика во каков политички или правен систем живееле. Кршењето на...
...основните човекови права на жените често пати се потиснати на границите кога се зборува за заштита на човековите права.
Таквата слика на невнимание и незаинтересираност ја одредува пониската позиција која ја имаат жените во општеството, а додека основен предуслов за постигнување на демократија претставува рамноправното партнерство помеѓу мажите и жените односно родавата еднаквост.
Родова еднаквост се однесува на ситуација во која жените и мажите имаат еднакви права и обврски и се третирани исто, без разлика на општествениот статус. Меѓутоа, низ различните степени на културни и религиозни вредности на населението се наметнуваат круто одредени улоги и задачи за мажите и жените во општеството и семејството. Почитувањето на човековите права најчесто е недостапно за самите жени, скратено или потполно негирано. Така на пример, забраната на абортус претставува кршење на правото на слободно родителство или забраната на женските деца да одат на училиште претставува кршење на правото на образование.
Затоа потребата од постоење на женски права е неопходно како резултат на сите облици на дискриминација над жената. Со помош на посебните права за жените, проблемите со кои се соочуваат стануваат видливи и со тоа полесни за спречување и елиминирање.
Уште од самото раѓање, односно во текот на воспитувањето, женските деца се третирани како помалку важни од машките деца и им се наметнуваат однесувања кои се типични за секое женско дете од страна на семејството. На пример, на женските деца им се купуваат кукли и кујнски прибор и се воспитуваат да бидат уредни, чисти, мирни, послушни и покорни. При избор на професија, женските деца се поттикнуваат на занимања кои им оставаат доволно слободно време да се занимаваат со семејните обврски.
За разлика од нив, за машките деца е неприфатливо да играат со кукли. Нив им се купуваат автомобили, оружје, се поттикнуваат на самостојност, независност, самоувереност и се учат да не ги покажуваат своите емоции. Тие се воспитуваат да бидат амбициозни и успешни, да владеат со семејството и да се стремат кон повисок статус во професионалниот и општествениот живот.
Секојдневниот стереотип кој се однесува на тоа дека злоупотребата на жената е потребна, широко е прифатено од секоја култура. Толерирање на насилството е вкоренето во секое патријахално и религиско однесување што овозможува пониска позиција на жената во семејството и употреба на физичка сила спрема послабите членови на семејството како валидно средство.
Во меѓувреме многу жени ги губат своите животи како резултат на различни видови на дискриминација како на пример убивањето на новородените женски деца, селективно абортирање на женските фетуси пред раѓање, осакатувања, сексуални напади и сл.
Традиционално женските човекови права се третирани одвоено од општите човекови права и од страна на владини и невладини организации и не се зема тоа како сериозно прашање.
Жените ширум светот, судрени со потребата да ја разбијат тишината за кршењето на човековите права над жените, започнале да се организираат и гласно да говорат за своите потреби. Женското движење бил долготраен процес од кој се забележани многубројни траги во светски рамки а најмногу за време на т.н. “декада на жените” која беше прогласена од средината на седумдесеттите до средината на осумдесеттите години на минатиот век од стана на Обединетите Нации. Од тоа време се погласно се поставува прашањето зошто се женските права.
Борбата за женските права започнала уште во 1909 година кога жените излегле на улиците и барале право на глас. Во тоа време жените се бореле за солидарност, заштита при работа, законско изедначување на двата пола, укинување на трговијата со луѓе и заштита на децата.
Кога зборуваме за почетоците на борбата за женските права, не можеме а да не ја споменеме Клара Цеткин (1857-1933) која имаше големо влијание во борбата за женските права. Таа во свое време одржувала говори за правата на жената особено за правата на жените на работното место, говори кои ги поттикнале жените да се борат за своите права. Клара Цеткин исто така се борела за економската независност на работничките, правото на еднакви плати како и еднакво политичко право.
Иста така таа се борела за подобрување на положбата на жената во семејството. На нејзина иницијатива на втората меѓународна конференција за жената одржана во Копенхаген во 1910 година е одлучено 8-ми март да се одбележува како меѓународен ден на жената во знак на сеќавање на женските демонстации и борбата за еднаквост и почит на жената.
Женското движење на крајот на дваесеттиот век придонесе многу проблеми на жените да бидат видливи и прикажани во право светло. Тоа беше предуслов за привлекување на вниманието на јавноста и активирање на законските механизми за нивно решавање.
Резултат на овој развој е најважниот документ кој се однесува на правата на жените “Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација над жените” подготвен од Обединетите Нации. Овој документ недвосмислено повикува на еднаквост на жените и мажите без оглед на нивниот статус на сите полиња (политика, економија, општество, култура итн).
Конвенцијата е потпишања од голем број држави во светот меѓу кои и од Македонија и сите имаат обврска да работат на подобрување на положбата на жените во своите земји.
__________________ He said: " My little one,don't you cry,there was no time for me to say goodbye
a force beyond my choice was calling me
it was my destiny So many things more i need to do and if it looks like it stealing me from you
you gotta know deep down in your heart that we will never be apart." |