Web Special ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во новата влада
Доцна навечер во петокот двете партии ја потврдија одлуката за меѓусебно коалицирање (01:05h 05.07.08) На одделните седници на раководствата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што се одржаа во петокот навечер беше верификувана одлуката за формирање на новата коалиција, а воедно и опциите за поделбите на министерските места во идната влада.
Доцна навечер по седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во хотелот „Континентал“, премиерот не даде изјава по повод одлуката, но таа се очекува во текот на саботата.
По недоразбирањата меѓу Груевски и Тачи, ДПА остана надвор од составот на владата.
Неофицијално ДУИ ќе добие пет министерски места, три заменички, како и место на вицепремиер.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4...D4F9495230B40F