5-ти Јули 1811 - Венецуела стана прва јужноамериканска држава која прогласи независност од шпанските колонијални власти. Беше шпанска колонија од 1498 година. Таа е најбогата земја во Латинска Америка, со најголем национален доход по жител.- Национален празник на Венецуела. 1857 - Родена е Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Умре во Архангелское, кај Москва, на 20.06.1933 година. 1889 - Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговите сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет и мело-драма, до комедии и класични трагедии. Од 1955 година беше член на Француската акдемија на науките. Умре на 11.10.1963 година. 1988 - Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. Родена е во Битола, на 13.10.1923 година.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |