Прегледајте единствено мислење
Старо 28-05-2008, 22:08   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
No_One
Lux et veritas.
 
Аватарот на No_One
 
Регистриран: Jul 2006
Локација: Во неговите прегратки.
Возраст: 39
Знак: Стрелец
Мислења: 9.300
Блог записи: 17
Популарност: No_One Новодојденец
Стандардно Епидемија на заушки

28.05.2008 19:02 Епидемија на заушки е прогласена во Струмица. 220 заболени луѓе до денеска се евидентирани во Заводот за здравствена заштита.
Се претпоставува дека бројот на заболените е значително поголем. Првиот случај бил регистриран во март, а во мај бројот на заболените драстично се зголемил.
На инфективното одделение во Струмичката болница биле хоспитализирани 44 пациента, а 89 биле упатени на домашно лекување. Според лекарите, најпогодена е средношколската популација.
„Претежно тоа се деца во пубертет. Најчеста возраст се средношколските деца, и тоа претежно родени 1991-ва, 1992-ра и 1993-та година, и тоа од средните школи техничко и гимназија“, рече Катица Марангозова, лекар.
„Имаме и повозрасни групи, значи над 20 години. Кај нас се лечат, обично и ги хоспитализираме потешките клинички форми, односно со компликации“, додаде Марангозова.
Епидемиолозите ги преземаат сите заштитни мерки, бидејќи според прогнозите, зголемување на бројот на заболените се очекува на почетокот од јуни.
Оваа заразна болест ги напаѓа невакцинираните, но и тие што ја примиле вакцината која се покажала како неефикасна.
Освен во Струмица, најголем број на заразени има во Велес и Кочани.„
А1


Во Јануари беше во Битола, Април во Кочани, сега во Струмица

Која е превенцијата, симптомите?
__________________
Is that a gun in your pocket, or you're just happy to see me...

Последно изменето од No_One; 25-08-2008 во 15:45.
No_One моментално не е присутен   Одговорете со цитат