| Lieutenant H.Caine
Регистриран: Feb 2008 Локација: Crime Lab Популарност:  | Овошје и зеленчук - Овошјето и зеленчукот треба да преставуваат интегрален дел од исхраната на детето. Обично, тоа првата солидна храна која ја прима бебето, но по првата година децата често стануваат избирливи и може да се случи да одбиваат овошје и зеленчук. Нема место за загриженост ако ова трае кратко време, во спротивно- може да има сериозни последици.
- Не можете со сила да ги принудите децата да јадат овошје и зеленчук . Најдобар начин е да им покажете со сопствен пример. Доколку вие консумирате и уживате во овошјето и зеленчукот секојдневно, вашето дете, веројатно ќе ве следи. Тоа најдобар начин како учат децата.
Зошто е важно да се јаде зеленчук и овошје? Постојат многу причини зошто треба да се консумираат различни овошја и зеленчуци. Со нив се обезбедуваат значајни витамини како витаминот С и фолната киселина. Всушност, овошјето и зеленчукот содржат преку 1000 различни хранливи состојки, кои се важни за превенцијата на некои сериозни заболувања. Подобро е барем малку, отколку николку! Се препорачува дневно да се внесуваат две овошја и 5 зеленчуци, но повеќето деца ( и возрасни) не консумираат толку. Голем дел од децата се погрешно научени да консумираат примамливи ужинки, богати со масти и со шеќер (разни кекси, чоколади, кремови и сл). Важно е, на детето да му понудите секој ден различни овошја и зеленчуци. Количината која ќе ја изеде, не мора да е голема и зависи од возраста и од активноста на детето. И мала количина е подобро, отколку вооопшто да не прима. Фокусирајте се не на количината, туку на тоа- да бидат застапени повеќе различни овошја и зеленчуци. Како да постигнете вашето дете да јаде повеќе овошје и зеленчук? Првиот чекор е задолжително да го вклучите овошјето и зеленчукот во дневното мени. Ако детето одбива , не се обесхрабрувајте! Децата учат да јадат. Следниот пат кога ќе му го понудите, можеби ќе прифати. Со возраста, се менува и вкусот. За да успеете придржувајте се на следните препораки: - Ангажирајте го детето во припремата на храната и во планирањето, колку и да ви се чини дека е тоа губење на време. Водете го со себе кога купувате, дозволете му да ви помага кога миете и приготвувате , дозволете му самото да си направи едноставни салати и да учествува во сервирањето. Ако имате двор или тераса можете заедно да одгледувате некое овошје/зеленчук.
- Потрудете се консумацијата на здрава храна да стане настан во кој ужива целата фамилија, бидете позитивни, обратете внимание на презентацијата ( да биде убаво за око).
- Вклучувајте зеленчук и овошје секаде каде е можно, во повеќе оброци, вклучувајќи ги и ужинките. Може да го дадете и во скриена форма, во некои рецепти. Не мора да смислувате нови рецепти. Доволно е да ја зголемите количината на зеленчук/овошје, во стандардните рецепти на кои е навикната вашата фамилија.
- Не се откажувајте, колку и да ви изгледа безнадежно! На децата им е потребно време да се навикнат. Ставајте во чинијата малку, колку да пробаат. Понудете му зеленчук во форма на салата пред главниот оброк- кога децата се најгладни.
Некои практични забелешки во врска со овошјето/зеленчукот во исхраната на деца - Сите зеленчуци и овошја се здрави (со било која боја, облик или вид). Може да ги користите во свежа форма, смрзнати, конзервирани или сушени. Може да се консумираат свежи, или термички обработени со варење, под пареа во претис лонец , во микробранова печка, кратко пржени или печени. Важна е разноврсноста- да се земаат различни видови.
- Сокови од овошје не се препорачуваат. Подобро е да се јаде целото овошје, а жедта да се гасне со вода. Соковите од овошје преставуваат добар извор на повеќе витамини, но тие исто така, содржат многу природни шеќери, а сиромашни се во влакнести материи.
- Чипс од компири не е добар избор, за да се јаде компир. Чипсот се подготвува така што компирите се пржат во масло. Содржи многу масти и сол и не се препорачува во редовната исхрана ( може повремено, на пример на забави).
- Кондиторски производи врз база на овошје, не се препорачуваат. Тие содржат многу шеќер, а се сиромашни во влакнести материи. Делуваат на развојот на кариес кај децата. Подобра алтернатива е да им понудите на децата свежа или смрзната овошна салата.
- Пред да го дадете на детето овошјето/зеленчукот, измијте го внимателно Со тоа ќе го намалите ризикот од бактериска контаминација.
- Следете ја сезоната. За да не го оптеретите семејниот буџет, користете сезонско овошје и зеленчук ( кога е најефтино), а може да го замрзнете или конзервирате, за подоцна. Содржината на витамини во вака приготвеното овошје/зеленчук е слична со свежите продукти.
- Од нутритивен аспект нема разлика меѓу органските и конвенционалните производи. Од вас зависи што ќе одберете.
- Надгледувајте го вашето дете додека јаде. За да се намали ризикот од аспирација и задавување, малите деца треба секогаш да јадат во седната позиција и да бидат надгледувани додека јадат било која храна, вклучувајќи сецкано овошје, зеленчук или други помалку цврсти храни.
Сугестии за ужинка Вклучете зеленчук и овошје и во ужинките. Обидете се со следните идеи: - Корнефлекс
- Печен компир во лушпа
- Домашна палента
- Сецкан зеленчук со сос или со прелив од јогурт
- Кекси , колачи на кои им е додадено овошје или зеленчук.
- Парчиња од смрзнато овошје или зеленчук
- Миксирано овошје
- Разни специјалитети од овошје
- Канзервирано овошје
- Овошна салата
Каде да се обратите за совет? - Вашиот педиjатар
- Диететичар
__________________ You can watch over people but you can't make choises for them - Horatio Caine My WEB |