Идеален маж Нема да можеме да дојдеме до апсолутен идеал, но да направиме мал обид за да се приближиме колку е можно повеќе до идеалниот маж, според колективна и личната женска гледна точка.
Еве за почеток, од личен и машки аспект, ќе се обидам да ја опишам мојата идеална жена: госпоѓа во друштво, домаќинка во куќа и курва во кревет.
Приближно толку...а сакам само малку да го продлабочам и се задржам на терминот „госпоѓа“. Му придавам исто суштинско значење како на терминот „господин“, игнорирајќи ја нели онаа мала, небитна и општопозната разлика. Времето во кое живееме некако ни ги има искривено вредностите и претставата за тоа што е вистински господин и што вистинска госпоѓа. Како ние формално си се обраќаме во секојдневието не е важно. Важна е претставата која ние ја имаме за, а таа ни е во повеќето случаи тотално промашена...
Госпоѓа е онаа жена која секогаш се грижи да им овозможи што е можно попријатно чувство на луѓето кои се наоѓаат во нејзино присуство.
Дами, каква е вашата замисла за ИДЕАЛНИОТ ?
Се разбира дека и машки коментари и ставови се добредојдени.
Последно изменето од toni_a; 14-05-2008 во 00:41.
|