Прегледајте единствено мислење
Старо 22-04-2008, 02:11   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
reader55
...
 
Аватарот на reader55
 
Регистриран: Apr 2008
Мислења: 944
Популарност: reader55 Новодојденец
Стандардно Multi-Makedonija i Mono-Grcija

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9...64D5211F14209D


Јордан Плевнеш
На 4 април 2008 година во Париз, во организација на Академијата за применети уметности, во соработка со УНЕСКО, се одржуваше Меѓународен собир под наслов „Културата вектор на мирот“ каде што се подготвував да настапам со текст во одбрана на цивилизациските вредности на историјата на Духот, како единствен двигател на светската меморија.

Во исто време, од последниот Самит на НАТО во Букурешт дојде веста дека Македонија не е поканета за заслужено полноправно членство во Северноатлантската алијанса поради грчкото вето, со кое се бара таа да се откаже од своето име и од сите атрибути кои што го карактеризираат нејзиниот културен и национален идентитет.

По скалите на прекрасното здание на плоштадот „Јена“, еден висок француски дипломат ме потсети на мојот политички есеј „Народот фантом“ објавен во угледниот париски „Ле монд“ пролетта 1992 година, во кој реагирав на застрашувачките облици на политичка хистерија во Атина и со неприкосновени аргументи се спротивставив на дипломатските перверзии кои се обидуваа еден нормален европски народ, да го прогласат за прв народ-фантом во новата европска историја.

Текстот во „Ле монд“ предизвика бурни полемики кои ја „македонизираа“ тогашната француска политичка сцена, во која тогашниот градоначалник на Париз Жак Ширак, кој потоа ќе биде, во два наврати, претседател на Франција (1995-2007), се спротивстави на грчкиот шовинизам како антиевропски чин.

Претседателот Ширак кој што беше домаќин на една од најзначајните манифестации на интернационален план „Средновековните трезори на Република Македонија“ , во која македонските икони ги видоа 183 илјади посетители, за време на кризата во 2001 година изјави: „Македонија е една, единствена и неделива“ , во духот на универзалната декларација за човековите права и Француската револуција, што ја боготвореле и голем број македонски револуционери во XIX и XX век, борејќи се за своја национална држава во европската пролет на народите.

Со оглед на познатата мисла на Наполеон дека: „Историјата е всушност една голема лага и ретки се оние што се осмелуваат да ја оспорат“ се обидов во традицијата на македонските анархисти или гемиџиите да ја претставам како еден брутален анти-културен чин. Со проста анализа на последниве сто години на современата светска историја ќе се заклучи дека човештвото се претворило во голема интернационална продукција на насилна масовна смрт.

На последниот самит на НАТО во Букурешт беше применет нов тип на симболичка ликвидација на 2 милиони граѓани на Македонија и уште 2 милиони што живеат надвор од нејзините граници, како правна мерка низ институцијата вето.

Институцијата вето без причина, кога се анализира од аспект на односот култура-историја потсетува на познатата реченица на Гебелс „Кога ќе го слушнам зборот култура, јас се фаќам за револвер“.

Грчкиот државен врв пак кога ќе слушне збор Република Македонија без додавка, применува правно вето а земјите соучесници, членки на НАТО, кои се определија за грчкиот ликвидаторски принцип, всушност отвараат пат за еден нов мини-Минхен во новата европска историја.

Се сеќавате, Франсоа Трифо велеше: „Хичкок ги слика убиствата како бакнежи и бакнежите како убиства“ .

Македонија беше убиена на самитот на НАТО со бакнежот вето, наречен име.

На 7 април во Женева во Палатата на Обединетите нации на една работна група дипломати, уметници и новинари со кои подготвуваме еден настан за Интернационалната Асоцијација за дијалог меѓу цивилизациите, им раскажував што ми се случи во Охрид, минатата есен, на светската Конференција за дијалог помеѓу религиите и цивилизациите, која собра над 300 учесници од стотина земји од светот.

Имено, круна на овој несекојдневен чин на светско ниво беше Интернационалната молитва за мир и разбирање меѓу народите и религиите, која од спиритуален, политички и ако сакате од костимографски аспект изгледаше како импресивен спектакл на молење во тишина, единствениот интернационален јазик разбирлив за сите.

Еден збор доминираше сите тие денови во Охрид. Тој помина низ сите реферати, сите дискусии , меѓусебни средби. Тоа беше зборот мулти. Мулти-култура, мулти-етнички, мулти-конфесионално, мулти-јазично, мулти-латерално, мулти....

Нашите пријатели од сите меридијани изразија загриженост за апсурдноста на односите Грција-Македонија и еден угледен професор од Хонгконг, експерт за таоизам, на брегот на Охридското Езеро ме праша: „Што е всушност проблемот меѓу вас и Грција?“

Фасциниран од зборот мулти, јас му одговорив кратко и јасно:

„Македонија е мулти, Грција е моно“.

Македонија има мулти-меморија. Македонија ги чува пишуваните споменици на сите етнички миграции, политички катаклизми во своите богати музејски збирки од античкиот, римскиот, византискиот и отоманскиот период.

Грција има моно-меморија во чија што рестриктивност го памти само она што и одговара, а другото го бриши.

Македонија е мулти-етничка. Грција е моно-етничка. Македонија е мулти-религиозна. Грција е моно-религиозна, во неа има само една религија, или си православен или не постоиш.

Македонија е мулти-јазична. Грција е моно-јазична.

Меѓу мулти и моно легислативата, за разлика од Грција, во Македонија меѓународното право важи на нејзината територија.

Во Грција важи само еден закон кога се во прашање Македонците родени на нејзината територија. Во неа важи законот: Афереси тис итагениас или одземање на правото на раѓање. Значи државата им го одзеде правото на раѓање на илјадници Македонци расфрлени насекаде низ светот и тука почнува Есхиловско-Шекспировиот момент на македонската трагедија која трае.

Оваа година 28.000 преживеани деца бегалци, расфрлени низ сите пет континенти, ќе се соберат во Скопје во Македонија, нивната единствена татковина, да го одбележат 60-годишниот јубилеј од нивниот прогон за време на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) под геслото на видението на Св. Апостол Павле во Библијата во која Македонија е призната за вечни времиња: „Премини во Македонија и помогни ни!“(дела, 16,9-10).

Во Скопје стигнав на 11 април на денот во кој се самораспушташе македонскиот парламент а во Атина во исто време беше изгласана доверба на постоечката влада. Продолжува мулти. Продолжува моно.

Шетајќи се покрај кејот на Вардар, македонската река која деноноќно тече, како што си тече, како што вели поетот Гане Тодоровски и се влева во Солун во Егејското море, како утеха ми се појави ликот на мојот долгогодишен пријател Елијас Петрополус (1928-2003) бесмртниот грчки поет во егзил, автор на шеесетина феноменолошки книги од митологијата на секојдневието, прогонетиот мит на грчката интелектуална стварност, автор на најубавите книги за Ребетика - песните на широките маси, што се разлеваат по меридијаните, на монографии за стариот Солун каде што велеше дека дури и „воздухот во Солун е мултиетнички“.

Неговата книга „Зошто не се враќам во Грција“ беше објавена на македонски јазик во 1995 година, а неколку години пред тоа тој беше единствениот Грк на земјината топка кој што имаше храброст и јавно да ги изговори во француските и европските медиуми следните зборови: „Грција нема право на монопол врз Македонија. Македонија има право да постои“.

На покана на мојот солунски издавач „Паратеритис“ кој во 80-те години ја објави мојата книга „Теорија на отровот“, пролетта 1998 година во Солун бев поканет на првиот Интернационален собир за помирување на Балканот и таму се запознав со еден американски учесник кој што подоцна ќе стане познато име во грчко-македонските односи. Се викаше Метју Нимиц.

На Нимиц му зборував за делата на Петрополус посветени на големите текови на еврејската цивилизација во Солун, за која експертот на ЕУ, Жорж Керсоди во своето дело „Откривање на јазиците на Европа“ објавено во Париз 2001 пишува: „Институтот за балкански студии од Солун, државен орган на Грција, неодамна објави убава историја на градот Солун. Евреите од Солун не се никаде споменати. Не им се посветува ниту една реченица. Ниту еден единствен збор. Со читањето на ова официјално историско дело имате впечаток дека тие воопшто не постоеле“.

Од тогаш до денес не сум го видел Метју Нимиц.

Елијас Петрополус ги затвори жедните очи и бескрајниот љубовен дух и отпатува во вечноста на 04.09.2003 година. Неговата сопруга Мери Кукулес ме покани да одржам посмртно слово на гробиштата Пер Лашез во Париз. Целиот грчки печат го пренесе текстот на моето обраќање. Некои весници сепак не заборавија да речат: „Текстот беше добар, но амбасадорот го читаше на ’скопски јазик‘“. Во нивната заслепеност дури и францускиот јазик беше наречен скопски јазик. Но, не изостана и острата реакција на слободоумните грчки интелектуалци од Хелсиншкиот комитет кој објави петиција против навредите на едно пријателство меѓу двајца писатели, соседи од Балканот и соседи во Латинскиот кварт во Париз, што ги одбележаа грчко-македонските книжевни врски од крајот на XX век.

Во меѓународното право основниот принцип е реципроцитетот. Доколку Грција бара од нас додавка на нашето име според реципроцитетот ние треба да побараме таа да стави додавка и кон сопственото име. За нас Мулти-Македонија а за нив Моно-Грција.


reader55 моментално е присутен   Одговорете со цитат