Прегледајте единствено мислење
Старо 15-04-2008, 10:27   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
BorisVM
Stay Thirsty My Friends!
 
Аватарот на BorisVM
 
Регистриран: Jun 2001
Локација: Rochester, NY.
Возраст: 33
Знак: Водолија
Мислења: 11.456
Блог записи: 6
Слики: 6
Популарност: BorisVM Новодојденец
Испратете порака преку ICQ до BorisVM Испратете порака преку AIM до BorisVM Испратете порака преку MSN до BorisVM Испратете порака преку Yahoo до BorisVM
Стандардно Љубомир Д.Фрчкоски: Самораспуштање на умот


Ако Владата се евтаназира со одлуката за самораспуштање и предвремени избори во апсолутно невреме, државата мора да се снаоѓа.Претседателот на државата е во улога на Борис Трајковски при Охридскиот договор. Треба да ја преземе иницијативата и да се обиде да ја заврши приказната со преговорите со Грција со американско посредство


Парламентот се самораспушти! Не чувствуваме посебна сета поради тоа. Тоа беше проследено со прилично примитивни изливи на „гордост и честитки“ од неговиот претседател, на кој му имаат попуштено сите кочници и физиолошки и ментални и добро е што нема да го следиме повеќе човекот кој се мачи на тоа место кое бара толеранција и парламентарна коректност. Но одлуката на власта ова да го стори со нејзиниот кутар парламент и да оди на предвремени избори е „качување на српскиот воз“ од неколку очебијни причини. Лажна е загриженоста за сопствениот рејтинг, бидејќи колку и партиски себично и дури лично тоа да се чини, сепак не се крие таму зајакот. Ако рејтингот е вистински власта ќе победеше со него и во ноември оваа година. Треба пред македонската јавност јасно да се каже дека се работи за желба кај власта за опструкција на некои од нашите интегративни процеси и во услови на изолација да се остане на власт (не да се остане на власт во околности на вмрежување и контрола од НАТО и ЕУ-мониторинзите).Второ, реториката за потребата од попослушен (кобајаги пореформски) парламент е исто така лажна. Прво, затоа што тој пореформски парламент кога ќе се конституира ќе го има испуштено основниот реформски критериум со кој ќе се мери неговата „реформскост“: добивање датум за отпочнување преговори за членство во ЕУ (што е јасно навестено од Брисел). Како може да биде во таков случај „пореформски“ кога во старт е само „посрпски“. Трето, новата власт ќе требало да донесува „тешки одлуки“ и бара затоа нов мандат? Прво, власта воопшто не е сигурно дека ќе има посилен мандат. Може да завршиме во многу покомплицирана состојба од оваа денес (што е моја прогноза). Второ, за „тешките“ одлуки сега се има најдобра можна поддршка и внатре и однадвор. Единство (тешко изборено внатре) и јасна како никогаш досега поддршка на Американците однадвор. Ова се' ќе биде поинаку по изборите, како и да завршат тие. Американците по два пропуштени клучни месеца на можни дијалози со Грција за името и за НАТО, со нивно медијаторство, конечно ќе не' баталат, полека концентрирајќи се на својата претседателска кампања и вчудоневидувајќи се од суицидалниот концепт на оваа власт и народот кој неа ја поддржува (многу сличен на српскиот со поддршката на концептот на Милошевиќ и сега на Николиќ и Коштуница). Кој и каков ебен нов мандат ќе му помогне на Црни Грујо тогаш? Тој тогаш ќе биде за во глувчова дупка, а не за нови горди и смели одлуки. За неговите одлуки тогаш никому нема да му биде гајле, бидејќи Македонија ќе станува изолиран остров на скапување од кој сите сакаат да избегаат. Сега си го поставувам основното прашање, драги мои: Дали ние, Македонците, сме толку глупави или само така изгледаме? Дали ние може да не видиме дека мнозинство кај нас добива ваква власт која не' води во пропаст и изолација? Која на најдолен начин ја користи нашата пуста желба за подобар живот и демократија? Да не видиме јасно за основните мотиви на сиот след на потези кои оваа власт ги направи за да го опструира по нивно мислење пребрзото влегување во овие интеграции. Токму кога се зголемија и станаа реални нашите влегувања во интегративните структури на НАТО и ЕУ, власта прави се' до нив да не дојде уште едно време. Зошто? За да може во темниот вилает, во манијачкото ќоше во градскиот парк да уринира и прди, а никој да не ја гледа и протестира. Да акумулира средства и да ја прерасподелува позицијата во стопанството и сервисниот сектор во корист на владејачката партија. Кога тоа задоволително ќе се заврши, Македонија нека влегува кај сака, ако може. Тоа е основната приказна на оваа власт и за неа таа е спремна да ја жртвува државата. Но вистинскиот проблем е каде сме ние во таа приказна? Како е можна нивната „магија на чесност“ во детски пантолани се' уште да не опијува? Тоа не ми е јасно, драги мои, и сакам таа дилема да ја поделам со вас. Ако Владата се евтаназира со оваа одлука за самораспуштање и одење на предвремени избори во апсолутно невреме, тогаш државата мора да се снаоѓа. Претседателот на државата е во улога на Борис Трајковски при Охридскиот договор. Треба да ја преземе иницијативата и да се обиде да ја заврши приказната со преговорите со Грција со американско посредство со сопствена засилена улога. Да се обиде да ја внесе Македонија во НАТО и вопреки владата во расуло. Треба да се преземе тој ризик од конфронтација со неа. Ако има шанси за таков влез во НАТО, треба да се направи се' тој да се искористи, сега и веднаш. Тоа секако може да се стори со јасна јавна поддршка и меѓународна поткрепа. Треба да се стави новата „реформска власт со јакиот реформски капацитет“ пред свршен чин. Потоа може сите да здивнеме и да го оставиме новиот премиер да носи храбри одлуки и да „тртља“ наоколу.
__________________
Aleksandra
BorisVM моментално не е присутен   Одговорете со цитат