Прегледајте единствено мислење
Старо 14-04-2008, 23:19   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
BorisVM
Stay Thirsty My Friends!
 
Аватарот на BorisVM
 
Регистриран: Jun 2001
Локација: Rochester, NY.
Возраст: 33
Знак: Водолија
Мислења: 11.456
Блог записи: 6
Слики: 6
Популарност: BorisVM Новодојденец
Испратете порака преку ICQ до BorisVM Испратете порака преку AIM до BorisVM Испратете порака преку MSN до BorisVM Испратете порака преку Yahoo до BorisVM
Post Горазд Чаповски: Ти го вадат срцето, а не ти даваат да искрвавиш

Политичката манипулација врз македонскиот народ не е ништо ново. Целиот 20 век е полн со примери на класична политичка манипулација врз македонскиот човек. Затоа сум многу изненаден како од себе така и од незрелата реакција на Македонците на 4 и на 5 април по ветото на Грција. Жално е што еден народ што отворено се стреми да влезе во глобалистички натпревар на народите реагира така патетично и незрело. Зборовите: ПРАВДА, ВИСТИНА, МЕЃУНАРОДНО ПРАВО, ОН ... се само празни зборови на едно не толку далечно минато. Кога патувал од блудниот и пребогат Лос Анџелес кон Варшава во 1975 година, Дејвид Боуви не можел да се изначуди од тоа што го видел: меланхолија, тага и тешка сиромаштија, „ко да сум дошол на друга планета“ беа неговите зборови. Слично го доживеав Скопје на 4 април, меланхолија, тага и огромен страв. Во случајот на Дејвид Боуви таа негова посета резултираше со фантастична трилогија LOW, HEROES и SCARY MONSTERS. Во ова време на глобалистички натпревар на народите за литар вода (воздухот одамна не е наш, така што нема да ме зачуди ако во иднина почнат да ни доаѓаат сметки за воздух) ние Македонците сме одбиени да влеземе во најмоќниот воен сојуз на ова време. Да, да, во една милитаристичка организација во која веќе плаќаме данок во крв со учество на нашите војници во Ирак и во Авганистан. Нашите квазиполитички елити треба добро да се прашаат што се случи на НАТО-самитот во Букурешт. Да се прашаат и да престанат да манипулираат со овој беден и исплашен народ и да го лажат за ситни пари под диктат на разни странски и балкански пробисвети. Истото важи и за медиумите, секогаш сум се прашувал зошто толку телевизии и весници за два милиона луѓе. На пример, една Австралија, која е далеку понапредна економски земја, има само четири телевизии. Не можам да сум лут на Грците, лут сум на себе и на македонскиот народ затоа што дозволивме да си играат играчки со нас. Не можам да му се лутам на Гркот, прво затоа што ја ценам неговата култура, и второ затоа што од 1830 година тој отворено работи на исчезнувањето на македонскиот народ од оваа планета. Од Ванизелос и Метаксас, па се' до Караманлис и Бакојани, грчката политика била и ќе биде јасна: Нема Македонци на оваа планета. Од геноциди, па се' до огромни шуми потрошени пари (да, да пари) тие упорно, истрајно и со голема посветност без никаква импровизација работат на затворање на македонското прашање. Тие видоа дека можат да го затворат прашањето баш овие дена во нивна полза. Не можам да верувам во нашата наивност - види богати, ние сме сите изненадени колку се лоши и нефер Грците. Зар е можно ова сознание да го дознаваме дури 2008, речиси 200 години од создавањето на грчката држава.

Голема лага е дека нашите политичари не го знаеја овој расплет! Кај им беше паметот кога ги продаваа основните наши ресурси на Грците покрај вакво сериозно прашање. Македонскиот народ отиде во Букурешт во следната состојба: крајно осиромашен, без никакво достоинство, манипулиран и пљачкан од своите браќа-Македонци 18 години, со референца Македонија, несредени граници, небулозна внатрешна политичка состојба која на хартија е унитарна, а по рамковниот договор и децентрализацијата де факто федерација. Македонија во Букурешт отиде без изградена пруга до Бугарија и до Албанија, како да беше толку тешко на толку украдени народни пари да се изгради. И што можевме да очекуваме од еден воен сојуз во кој МОЌТА И ПАРИТЕ се основни правила, ние понижени и навредени, со валкани гаќи и скинати чорапи (Ристо Вртев) бараме правда и вистина. Секој паметен политичар со визија и патриотизам беше свесен што не' очекува во блиска иднина, ама за голема трагедија за сите нас таков не излезе на површина. Отворено прашувам колку пари имаме дадено ние сите за македонската кауза овие 18 години? Колку нашата дијаспора има вложено во каузата (ако таа воопшто постои)?

Новата стратегија на последното биолошко опстојување на Македонецот треба да биде:

1. Договор со македонската олигархија, украдените пари од народот итно да се вложат во новата македонска кауза.

2. Цени го непријателот за да го победиш, ирската и албанската стратегија се типичен пример, не измислуваме ништо ново.

3. Продолжување на преговорите, приказни за мали деца од типот барање правдина во ОН се глупости и македонска антипропаганда.

4. Итно да престане оваа гебелсовска - дигитална манипулација врз својот народ. Како не им е бар малку жал за својот народ.

5. Една е вистината, Европа ја заштити Грција, а Америка баш не се загрижи многу. И зошто кога ние реално сме едно провинциско гето со многу мали морални вредности во кое репер на успехот се' уште е Белград.

6. Нашето име моментно е олигархиска бановина Македонија, и треба итно да си го вратиме достоинственото име Република Македонија. Потоа се' ќе биде лесно!
__________________
Aleksandra
BorisVM моментално не е присутен   Одговорете со цитат